Време / 01.11.2005
ХУМАНИТАРЕН КОШАРКАРСКИ МЕЧ
Вкупно 40.000 денари за децата од домот „11 Октомври“ завчеравечер беа собрани на хуманитарниот кошаркарски натпревар во кој учествуваа многу естрадни фаци и досегашните победници од реалното шоу „Тоа сум јас“. Познатите на паркетот беа поделени во две екипи: портокалови и зелени, а победија вториве, на чело со тренерот Тоше Проески. За неговата екипа играа: Дарко Димитров, Јован Јованов, Сања Николиќ, Роберт Билбилов, Владимир Крстевски-Франц, Миро, Драги Шпага... наспроти „морковците“ Натали Грубовиќ, Бојан Јовановски, Мики Црнокрак, Ѓоко Таневски, Мартин Трпчевски и водителите Ненад Георгиевски и Лила Стојановска, како тренер и помошник-тренер. Ревијалниот хуманитарен натпревар го отвори актуелната макфестовска победничка Маја Саздановска, која ја отпеа македонската химна, а позицијата водител-коментатор и беше дадена на Нора Шаќири. Манифестација помина во крајно опуштена атмосфера и со многу комични потези на „кошаркарите“, кои кулминираа во последната четвртина кога на теренот истрчаа повеќе од триесет луѓе. И овојпат главна атракција беше периката на Драги Шпага, која повремено го заменуваше баскетот, манекенката Натали доби гратис слободни фрлања откако некој од противничката екипа и го скрши ноктот, а гаф на вечерта беше оној на мегазвездата Проески кога домот за деца без родители го прекрсти во „11 септември“. Ѓ. С.
"Грашковци" на Тоше "Морковци" на Ненад
Утрински / 01.11.2005
Завчера во СРЦ "Кале" естрадата и клубот "Тоа сум јас" одиграа хуманитарен кошаркарски натпревар Завчера во Спортско-рекреативниот центар “Кале" се играше драматичен натпревар. Екипите “Грашковци", предводена од Тоше Проески (тренер), и “Морковци" на Ненад Георгиевски - МС, водеа неизвесна битка до самиот крај - се шутираа двојки, тројки, се фаулираше, се навиваше, аплаудираше... Сето тоа беше дел од атмосферата на хуманитарниот кошаркарски натпревар во организација на реалното шоу и клубот “Тоа сум јас". Во полна сала (цената на влезниците беше симболична и изнесуваше 50 денари) естрадата, кандидатите од реалното шоу “Тоа сум јас" и нивните модератори играа до бесвест. Натпреварот почна околу 20 часот, а се одеше по регуларен тек - две полувремиња, судии, помошници-судии, кои беа професионалци: (Едис Нури и Борис Нешовиќ)... Играчите беа поделени во две екипи, а меѓу нив се појавија: Маја Саздановска (ја испеа државната химна), Јован Јованов, Фани Христова, Мартин Трпчевски, Марко - “Дај побрзај", Натали Грубовиќ, Лила Стојановска, Драги Шпага, Миро Тодосовски, Мики Црнокрак, Сања Николиќ, Нора Шакири, Дејан Лилиќ, Бојан - “13", Роберт Билбилов... Собраните средства од влезниците за хуманитарниот натпревар се пребројуваат, а деновиве ќе им бидат доставени (во предмети и други потребни работи) на штитениците во Домот за деца без родители “11 Октомври").