Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Публиката експлодира од емоции / 01.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Публиката експлодира од емоции / 01.12.2005 Empty
PostSubject: Публиката експлодира од емоции / 01.12.2005   Публиката експлодира од емоции / 01.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 3:55 pm

Утрински / 01.12.2005
Ден по прошталниот концерт на "Парни ваљак" во Скопје

Аурата на сентиментот создадена со најавите дека групата "Парни ваљак" дефинитивно заминува во легендите (или барем секој со својата среќа во соло-кариера) беше повеќе од доволно за да ги собере скопјани (и не само нив) два пати во "преполн состав" во Универзална сала, на 29 и на 30 ноември. Таа атмосфера и расположението требаше да претставуваат задоволство за сите, освен веројатно за организаторот, агенцијата "Истриони", кој хаотично и панично реагираше на создаденото (очекувано) интересирање за "Парни ваљак". Освен што акредитациите за сите медиуми биле "предвидени" за вториот концерт (!), а ветени за првиот, во продажба биле пуштени и билети за седење за седишта што не постоеја, зашто партерот беше претворен во подиум. Така, голем дел од публиката (и новинарите) на концертот го минаа во расправија со организаторката, која не ја "спаси" ни исклучувањето на мобилните телефони. За среќа, "претсценската драма" не влијаеше на квалитетот и енергијата во настапот на Аки, Хус и дружината. Доколку не беше така претставено, никој немаше ни да почувствува дека "Парни ваљак" имаат зад себе "километража" од 30 години и дека отсега, па натаму ќе функционираат само соло, на старите плочи и снимки... и, секако, во спомените. Енергично, од почеток до крај во исто темпо Аки го изнесе уште еднаш пред скопската публика репертоарот на "Парни ваљак", во кој пронаоѓаат лично сентиментални моменти генерациите што се раѓале и живееле три децении на овие бивши ЈУ-простори. "Замисли живот...", "Као ти", "Моје заставе", "Ухвати ритам", "Угаси ме"..., всушност, цели два и пол часа "Парни ваљак" ги држеа скопјани со кренати раце, пеење и скандирање на глас. Тортата, балоните и музичката честитка за тридеценискиот јубилеј на "Ваљак" од Тоше Проески беше темпирана во вистинско време, а дуетот на Аки и Тоше во бис-програмата на "Јесен у мени" беше вистинска кулминација. За жал, по три децении, ова е последната концертна приказна на "Парни ваљак" во Скопје. За некои работи, понекогаш и не треба да се биде од збор!

Еуфорично прославување на јубилејот
Време / 01.12.2005
ПРОШТАЛЕН КОНЦЕРТ НА „ПАРНИ ВАЛЈАК“ ВО СКОПЈЕ Михајло Грбевски

Концертот на легендарниот хрватски состав „Парни валјак“, кој се одржа завчеравечер во Универзалната сала во Скопје, беше значаен за бендот по две работи - прославување на трисетгодишнина од оформувањето и дефинитивно повлекување од музичката сцена. Овој двојно славенички концерт помина во еуфорична атмосфера, со многу емоции и страст, онака како што сме навикнати на „Валјак“. Со забелешка дека пејачот на составот, скопјанецот Аки Рахимовски, и овојпат, како и секогаш кога пее во родната земја, од себе го дава максимумот. Единствено, како некаков недостаток на ова случување може да му се забележи фактот што практично концертот беше реприза на ланскиот или, поточно речено, на изминатите неколку изданија, изземајќи го акустичниот концерт одржан пред неколку години, токму на истото место. Немаше никаква драстична промена во однос на сценскиот настап или на песните што беа изведени. Дури и Тина Рукчиќ, придружната вокалистка на составот, повторно имаше соло-настап, кој многумина веќе го виделе и го очекуваа. Некаде на средината на концертот се појави Тоше Проески. Тој ја отпеа песната „Хаппѕ биртхдаѕ“, со што му го честита роденденот на „Парни валјак“, а за таа пригода на сцената беше донесена роденденска торта. Гостувањето на Тоше на песната „Јесен у мени тугује“ беше одличен потег. Иако и тоа не беше изненадување за публиката, бидејќи овој дует беше најавен претходно, таквата средба на великаните на сцената помина со многу овации. Од инструменталистичка гледна точка, концертот беше перфектно одработен. Проследивме хируршки точно отсвирени делници, каде што особено се истакна лидерот и гитарист Хусеин Хасанефендиќ-Хус. Тој и Аки следени од другите членови, гитаристот Маријан Бркиќ-Брк, извонредниот клавијатурист Берислав Блажевиќ и, секако, од ритам-секцијата предводена од басистот Звонимир Бучевиќ-Буч, направија вистинско шоу од два и пол часа. Иако на концертот беа изведени поголем дел песни од последниот албум „Претежно сунчано“, сепак на задоволство на публиката беа отсвирени и старите хитови како: „Ухвати ритам“, „Моја је песма лагана“, „Неда“, „Ивана“, „Проклета недеља“, „Све још мирише на њу“, „Лутка за бал“, но и некои од поновиот период како „Заставе“, „Мењам се“ и други. Се на се, концерт на „Парни валјак“, кој беше најавен како проштален, беше уште една убава провокација за сите вљубеници на овој вид музика да дојдат и за последен пат да ги видат своите идоли заедно на сцена.



Вистинска еуфорија предизвика појавувањето на Тоше Проески, кој на групата и го честита 30-годишниот јубилеј со роденденската песна "Happy Birthday". Во тој момент членовите на бендот ги дуваа свеќичките од роденденската торта што ја донесоа на сцената. Дуетот Тоше и Аки, кој првпат се појави на ланското издание на "Златна Бубамара на популарноста", и овој пат ја отпеа темата "Јесен у мени".
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Публиката експлодира од емоции / 01.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Малку време за подготовки / 14.06.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005
» ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА / 22.01.2005
» И се извинив на Руслана / 10.02.2005
» Сакам да сум Проја / 06.12.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: