Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Го потврди статусот на голема ѕвезда / 05.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Го потврди статусот на голема ѕвезда / 05.12.2005 Empty
PostSubject: Го потврди статусот на голема ѕвезда / 05.12.2005   Го потврди статусот на голема ѕвезда / 05.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:01 pm

Дневник / 05.12.2005
ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА ТОШЕ проески ВО БЕЛГРАД

Со промоцијата на албумот "Пратим те", што завчера се одржа во клубот "Елингтон" во белградскиот елитен хотел "Хајат", Тоше Проески уште еднаш потврди дека е навистина голема ѕвезда и во Србија и Црна Гора. Интересот за промоцијата беше огромен па така, наместо планираните 150 гости, во клубот се појавија околу 250 луѓе, поради што се направи мал метеж, а голем број негови обожаватели останаа пред вратите на клубот. Меѓу присутните, најмногубројни беа новинарите од српските медиуми, кои коментираа дека Проески е квалитетен пејач и со право го заслужува статусот на голема ѕвезда. Тие исто така дадоа и позитивни оценки за неговиот најнов албум. Владо Марковиќ, директор на најстарата музичка продуцентска куќа во Србија, ПГП-РТС, под чија етикета излезе албумот "Пратим те", пред присутните на Тоше му додели признание за најдобар пејач и најдобар албум за 2005 на оваа куќа. Поздравувајќи ги присутните, Тоше изјави дека е многу среќан, а посебно што оваа промоција се случува на роденденот на неговата мајка Доминика. Потоа со својот бенд одржа мини-концерт, ги отпеа најновите композиции во живо, потсети и на мегахитот "Чија си", а свирката ја заврши со македонската народна песна "Зајди, зајди", за која доби громогласни аплаузи и овации. Видно расположен од целата атмосфера, Тоше ни изјави:

- Навистина немам зборови со кои можам да ја опишам среќата што во овој момент ме обзема. Морам да кажам дека озвучувањето беше одлично, а и мојот бенд, како и секогаш, отсвири фантастично. Гостите ме испочитуваа и многу ми е драго што и во Србија ме примија како и моите обожаватели во Македонија.

Честитки за успехот што го постигнува во Србија, лично му искажа и македонскиот амбасадор во Србија и Црна Гора, Виктор Димовски, кој на промоцијата присуствуваше со сопругата Вера и со ќерките Елена и Марија. - Ова се ретки моменти на успешна презентација на македонската култура во Белград. Во минатиот месец имавме и две ликовни изложби и премиера на филмот "Балканкан". Популарноста на Тоше во Белград е рамна на таа што ја има во нашата земја - изјави амбасадорот Димовски. Меѓу познатите личности што беа присутни во "Елингтон", беа текстописецот Марина Туцаковиќ, пејачите Огнен Радивоевиќ, Леонтина, Билјана Крстиќ, стилист Дејан Милиќевиќ, како и нашинките Тијана Тодевска-Дапчевиќ и Маја Оџаклиевска. Големо внимание на промоцијата предизвика и атрактивната турбо-фолк ѕвезда Јелена Карлеуша, која со своето провокативно однесување го привлече вниманието на многубројните фоторепортери. Промоцијата на Тоше во Белград ја проследија и голем број претставници на седмата сила од земјава, како и познатиот пејач Владо Јаневски, кој беше во друштво со својата девојка Вера. Во текот на четиридневниот престој во Белград, работната агенда наТоше, според менаџерката Лилјана Петровиќ, била пребукирана со настапи по медиумите. Од Белград, вчера Тоше замина за Загреб, каде што беше гостин на една од хрватските телевизии. Промоцијата на "Пратим те" во "Хајат" ја организираше менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, од "Фајнал кат продукција".
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Го потврди статусот на голема ѕвезда / 05.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: