Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005 Empty
PostSubject: Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005   Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:08 pm

Време / 17.12.2005
НА САЕМОТ НА КНИГИ ВО СОФИЈА Весна Дамчевска

Наш известувач од Софија Младите посетители се туркаа околу штандот на Македонија за време на прикажувањето снимка од концертот на Тоше Проески, а организаторите за да го ослободат штандот, набрзина организираа проекција на ѕид. Така, во недостиг од видеобим, македонското издаваштво го одбрани иконата на домашната поп-музика, Проески. И без ова, „Матица македонска“ годинава организира сосема солидно претставување на тековниот саем на книгата во Софија. Додека младите посетителки трепкаат на музиката на Тоше, повозрасните посетители се интересираат особено за изданијата од областа на јазикот, историјата, археологијата. - За разлика од саемот во Скопје, видливо е дека овде посетителите доаѓаат наменски, а не сеирџиски. Дури бараат и да купат примероци од одредени книги, што е невозможно, бидејќи саемот не е продажен. Вистински заинтересираните ги упатуваме во Македонскиот културен центар во Софија, каде што, по завршувањето на Саемот, ќе ги подариме сите изложени книги - вели Дејан Павлевски од „Матица македонска“, насмеан и облечен во црвена маица со знамето на Македонија. На македонскиот штанд, украсен со повеќе знаменца и богато опремен со репрезентативен пропаганден материјал за Македонија, се понудени повеќе од 1.000 книги од областа на македонската историја, археологија, културно наследство, јазик, филм и др. Особено внимание предизвикува книгата документи од Тодор Александров „Се за Македонија“ што на штандот ја донеле од Македонскиот културен центар. Документарен филм за природните убавини на Македонија постојано се прикажува на приватниот лап-топ на организаторите од „Матица“. Бараната поддршка за порепрезентативно претставување изостана, но, сепак, штандот изгледа привлечно и забележително. Саемот на книги во Софија, иако важи за еден од најголемите во регионот, има камерен карактер, бидејќи сите учесници, дури и од поголемите земји, изложуваат на мали штандови. Македонија има два штанда - заедничкиот на „Матица“ и посебен штанд на „Просветно дело“. На саемот беше потпишан и договор меѓу македонските и бугарските писатели за реципрочно објавување и превод на македонски и бугарски автори. Германските издавачи го промовираат фудбалското првенство На Саемот во Софија учествуваат педесетина издавачи од дваесет земји што и буквално се придржуваат до концептот на саемот - да се брендира името на својата земја повеќе од тековната издавачка продукција. Така германските издавачи на својот штанд поставија фудбалска топка и плакати за претстојното Светско фудбалско првенство во Германија идната година. На Саемот учествуваат и Русија, Кина, Грција, Иран и др.

Тоше како магнет на македонскиот штанд
Дневник / 17.12.2005
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА ВО СОФИЈА Особено повозрасните се интересираат за историографски дела, речници и практикуми за изучување на македонскиот јазик Тоше Проески ги засени книгите изложени на македонскиот штанд на 25. меѓународен саем на книгата, што се одржува во Софија. Многу млада публика се собра на нашиот штанд завчера, кога на еден саемски ѕид беа пуштани спотови од нашата мегаѕвезда, што беше дел од програмата на македонското претставување, што го подготви издавачката куќа "Матица македонска". На саемски простор од дваесетина квадратни метри во Националниот дворец на културата, заедно со 500 издавачи од дваесетина земји, Македонија се претставува со 1.000 наслови. Саемот важи за најзначаен во Југоисточна Европа. На влезот во халата се делеше пропаганден материјал за туристичката понуда на Македонија, најмногу за Охрид и за културните знаменитости. Внатре, освен официјалниот македонски штанд, на истата улица, неколку штанда подолу, самостојно изложуваат "Просветно дело" и "Детска радост". На македонскиот штанд како декор доминира нашето знаме. Организаторот на македонското претставување, Дејан Павлевски од "Матица македонска", вели дека сепак е задоволен од тоа како се претставуваме, односно дека не заостануваме зад другите земји. Иако саемот е изложбен, освен што бугарските издавачи ги продаваат книгите и тоа по многу ниски цени, има интерес за македонските дела. Особено повозрасните се интересираат за историографски дела, речници и практикуми за изучување на македонскиот јазик. Внимание кај бугарската јавност предизвикува книгата за контроверзниот Тодор Александров, "Се за Македонија" - документи од 1919 до 1924 година, од Зоран Тодоровски. Вчера попладне на средба меѓу македонските и бугарските издавачи е потпишан договор за соработка, односно за превод на македонски дела на бугарски јазик и обратно.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: