Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005 Empty
PostSubject: Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005   Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:11 pm

Време / 20.12.2005
КОЛКУ „ТЕЖАТ“ ПЕЈАЧИТЕ ЗА НОВА ГОДИНА? Ѓорге Стојанов

Тоше Проески и Војо Стојановски ја предводат листата на најплатени македонски пејачи за најлудата ноќ во годината. Според нашите сознанија, за Нова година добро ќе се омрсат и Калиопи и Владо Јаневски, а повеќето естрадни миленичиња, стандардно, одбиваат да ги обелоденат своите хонорари. Само за споредба, вкупниот хонорар на македонските поп-ѕвезди (околу 100.000 евра) е речиси идентичен со оној што Северина ќе го подели со својот менаџер. Музичката елита што ќе настапи на централната новогодишна прослава на 31 декември на плоштадот „Македонија“ ќе собере едвај 50.000 евра, колку што лани градските власти го исплатија Горан Бреговиќ. Мегаѕвездата Тоше Проески годинава првпат реши да остане дома и да го прифати хонорарот од 10.000 евра, колку што ќе му биде исплатено за едночасовниот настап на градскиот плоштад, кој ќе почне точно на полноќ. - Имавме понуди од Србија, Црна Гора и од Словенија за многу поголеми суми, но Тоше инсистираше да остане дома - ни изјави Љиљана Петровиќ. Проески минатата година за половина час во Сараево го наградија со 20.000 евра. На градскиот плоштад, покрај Тоше, ќе настапат и ѕвездите на „М2“, Ламбе, Елена и Александра, џез-составот „Сетстат“, групата „Блејзери“ и Есма Реџепова, која ќе пее без хонорар. - Оваа година одлучив да пеам пред мојот народ, и тоа без пари. Хонорар ќе земат моите деца - ни изјави ромската кралица. Водител на прославата на „Македонија“ ќе биде актерот Дејан Лилиќ, а забавата ќе заврши со сет на диџејот Никифор. Калиопи и Владо Јаневски се ангажирани за централната предновогодишна прослава во Аеродром, која ќе почне во 20.30 часот. За настап од еден час пред трговскиот центар „Бисер“ поп-ѕвездите ќе се омрсат со по 6.000 евра. На истата манифестација ќе пеат и Кристина Арнаудова (преку ден ќе пее и на приватна забава во казино), Маја Вукичевиќ, Марјан Стојановски, Искра Трпева, Ристо Самарџиев, Мартина и Виданка Георгиева. По полноќ атмосферата ќе ја загреваат свирачите од блех-оркестарот „Черкезови“, а манифестацијата ќе ја заврши диџејот Никола Ризов. Водител ќе биде Лила М. Стојановска, која за својот ангажман побарала и добила 1.500 евра. И покрај понудите од Ресен, Прилеп и од Скопје, Каролина Гочева најлудата ноќ ќе ја дочека со своите битолчани. Таа ќе има целовечерен концерт на плоштадот, а „авалонци“ не го откриваат хонорарот. „Суперхикс“ Нова година прво ќе си честитаат со прилепчани, а Тамара ќе ги забавува велешани. Како и лани, македонскиот гитарист Петар Ренџов со двете свои инструментални формации „Мама бенд“ и „Тумбао салса бенд“ ќе ги забавува гостите во скопскиот хотел „Континентал“. Од фолк-пејачите, според нашите сознанија, на листата на најплатени убедливо води Војо Стојановски. На 31 декември тој ќе настапи во Њу Џерси. - Од католичкиот Божиќ до Водици ќе ја свртам Америка, а со моите тамошни менаџери договоривме хонорар од 15.000 долари. Бакшишот ми е плус - ни се пофали Стојановски. За Нова година и за Божиќ, Марјан Коцев и Елена Велевска ќе пеат во Мелбурн, Австралија, по покана од тамошното КУД „Јане Сандански“, а нивниот хонорар е 3.000 евра. Татјана Лазаревска ќе замине во Швајцарија, а љубителите на нејзината песна на 31 декември ќе се соберат пред црквата „Климент Охридски“ во Цирих. Сузана Спасовска овојпат останува во Македонија и моментално е во преговори за настапи на неколку плоштади. Има и пејачи што се уште преговараат за своите новогодишни настапи со однапред дефинирана цена. Неофицијално дознаваме дека Адријан Гаџа, Ребека и Туна не потпишуваат договор под 4.000 евра.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: