Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Еуфорично одбележан јубилејот / 23.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Еуфорично одбележан јубилејот / 23.12.2005 Empty
PostSubject: Еуфорично одбележан јубилејот / 23.12.2005   Еуфорично одбележан јубилејот / 23.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:13 pm

Време / 23.12.2005
СЛАВЕНИЧКИ КОНЦЕРТ НА „СИНТЕЗИС“ Михајло Грбевски

Македонската гордост, етносоставот „Синтезис“, завчеравечер со голем концерт во Универзалната сала го одбележа својот голем јубилеј - десетгодишнината од дејствувањето на музичката сцена. Во атмосфера соодветна на еден толку значаен момент, членовите на составот заедно со своите гости маестро Борис Трајанов, Тоше Проески, Биља Крстиќ и „Бистрик бенд“ од соседна Србија и Црна Гора и одбран гудачки квартет приредија перформанс што му прилега на состав само од нивен калибар. Концертот беше поделен во неколку целини, а секоја од нив ја најавуваше водителката од Македонската телевизија Каролина Петковска. Со епските изведби на песните од типот „Помолила Бога маца“, „Каљо“, „Ори Анче“, „Де бог да бие“, девојките и момците од „Синтезис“ не само што допреа најдлабоко во душата на секој од посетителите туку и во оваа пригода ги истакнаа моќта на македонскиот музички јазик и неговата жилавост. Појавувањето на Тоше Проески како гостин на концертот беше повеќе од очекувано. Со прекрасната изведба на нивната заедничка песна „Ој девојче“, „Синтезис“ и во оваа пригода ја оправда соработката со најголемата македонска поп-ѕвезда. Како специјална гостинка од Србија и Црна Гора беше поканета Биља Крстиќ со нејзиниот „Бистрик бенд“. Иако по многу нешта се разликуваат од „Синтезис“, нивниот настап ја докажа блискоста на музичките традиции на двете држави. Сепак еден од најсилните авторско-изведувачки моменти на концертот беше заедничкиот настап на „Синтезис“ со маестро Борис Трајанов, кој ја испеа прекрасната „Божја невеста“, чиј текст го напиша Владо Јаневски. Ова беше одличен избор за подигање на атмосферата, која кулминира со еуфоричен крај, изведбата на песната „Во наше село“. За време на настапот беа прикажани и фрагменти од документарниот филм за групата, кој наскоро премиерно треба да и биде претставен на македонската публика. Се на се, славеничкиот концерт иако не прв за истиот повод, помина во очекувано еуфорична атмосфера, како што му прилега на еден бенд што зад себе има десетгодишна музичка кариера, три студиски и еден концертен албум, едно дивиди-издание и, секако, многубројни концерти низ Македонија и светот.

Честитајќи им го јубилејот, Тоше нагласи дека му е чест што е гостин на најубавата синтеза од Македонија која негува посебен македонски мелос.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Еуфорично одбележан јубилејот / 23.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: