Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005 Empty
PostSubject: Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005   Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:14 pm

Дневник / 23.12.2005
Во Босна и Херцеговина Балканската музичка ѕвезда Тоше Проески ќе му биде специјален гостин на Лоренс Батлер, за време на дводневниот престој во Сараево и ќе престојува во неговата резиденција. Нашите извори велат дека Батлер, прв заменик на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, не ја заборавил ниту Македонија ниту, пак, Тоше, кој е негов миленик и близок пријател уште од времето кога ја извршуваше функцијата американски амбасадор во нашата земја. Проески е една од најголемите музички ѕвезди во БиХ и вечерва ќе одржи концерт во сараевска дискотека, на кој ќе го промовира новиот албум "Пратим те". Поради обврските со хуманитарниот концерт кој треба да се одржи на 25 декември (недела), Тоше не е во состојба да го продолжи планираниот престој во Сараево и да се појави во специјалното шоу на босанската телевизија ОБН во сабота навечер. Сепак, челните луѓе на оваа телевизија му го обезбедија приватниот авион на телевизија "Пинк" за да може навреме да стигне на закажаниот концерт. - Нам ни е во голем интерес Тоше да биде наш гостин и да настапи на големото финале "Мјузик талентс", бидејќи поголем дел од натпреварувачите ги пеат неговите песни. Инсистиравме да се појави на ова шоу, а за да стигне навреме на скопскиот концерт во недела, нашата телевизиска куќа реши да го изнајмиме приватниот авион на телевизија "Пинк" - ни изјави Мирза Вилиќ извршен директор на ТВ "ОБН". Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше вели дека се почестени од овој предлог на телевизија ОБН, и затоа ќе ги испочитуваа со нивното присуство на шоуто. - Многу сум им благодарна, зошто понудата е голема и ја покажува почитта за мојот ексклузивец. Познавајќи го Тоше и знаејќи колку е скромен, не верувам дека ќе го прифатиме овој предлог, туку по настапот ќе седнеме во автомобил за да стигнеме навреме за хуманитарниот концерт во Скопје - вели таа. (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше Проески на изборот "Мис на Хрватска" во Загреб / 18.10.2005
»  Тоше Проески ја повреди ногата / 17.02.2005
» Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005
» Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005
» Традиционален хуманитарен концерт на Тоше Проески / 24.12.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: