Дневник / 24.12.2005
УТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА
Мегаѕвездата Тоше Проески утре во 20.00 часот во Универзалната сала ќе го одржи својот традиционален хуманитарен концерт кој годинава го носи насловот "Со музика за живот". Тоше првпат пред скопската публика ќе ги изведе нумерите од најновиот албум "По тебе". Малечката Мартина Силјановска, минатогодишната македонска претставничка на детскиот Евросонг е единствена гостинка на концертот на Тоше. Концертот ќе го проследат штитениците од СОС-детското село. Билетите за настанот чинат 500 денари. Собраните пари ќе бидат наменети за Детската клиника за белодробни заболување во Козле. Хуманите граѓани може за Клиниката да донираат пари и на телефонскиот број 075 146146. Еден повик чини 50 денари. Организатори на концертот се "Фајнл кат" и "Космофон"