Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше со приватен авион слета во Скопје / 26.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше со приватен авион слета во Скопје / 26.12.2005 Empty
PostSubject: Тоше со приватен авион слета во Скопје / 26.12.2005   Тоше со приватен авион слета во Скопје / 26.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:20 pm

Време / 26.12.2005
ПО УСПЕШНИОТ КОНЦЕРТ ВО САРАЕВО Катерина Милчевска

Македонската естрадна гордост Тоше Проески, по неколкудневниот престој во Босна и Херцеговина, се врати со приватен авион за големиот традиционален хуманитарен концерт во Скопје. Тој во петокот во Сараево одржал концерт во „Са клуб“, исполнувајќи го просторот до последното место, иако цената од 10 евра за влезен билет била доста висока за тамошниот стандард. Тоше го пречекавме на скопскиот аеродром, каде што ни ги пренесе најсвежите импресии од престојот во босанската престолнина. - Од самиот почеток на концертот атмосферата беше совршена. Босанците се неверојатна публика. Албумот се појави пред само три недели, а сите песни ги знаеја на памет. Со тоа ни изразија големо почитување и мене и на мојата држава, Република Македонија. Ги пееја со невидена жар дури и македонските песни. Го џвакаа текстот со грешки, ама сето тоа беше симпатично, бидејќи навистина се трудеа. Пленет од реакциите на босанската публика, Проески решил да го продолжи својот престој во Сараево и во саботата вечер да се појави во шоуто „Мултиталент“ на телевизискиот канал ОБН. Иако се брзал да се врати во Скопје за традиционалниот хуманитарен концерт, добил понуда што не можел да ја одбие - лет со приватен авион. - Сметав дека босанската публика заслужи посебно внимание од моја страна и решив да ги оставам обврските настрана, да останам уште еден ден и да настапам на шоуто. Директорот на телевизиската станица ОБН и организаторите што ме поканија да присуствувам таму толку многу инсистираа да останам што едноставно не можев да ја одбијам понудата, и покрај обврските со концертот - вели Проески. Авионот е сопственост на приватна хрватска компанија. Бил изнајмен специјално за да го земе Тоше од Сараево и да го врати во Скопје. Во почетокот нашиот пејач не бил многу воодушевен од идејата за летање со мал авион и попрво би се возел во новото „пунто“, но леталото сепак му послужило за навреме да стигне назад. - Не ги сакам авионите. Се плашам од нив, особено од вакви мали. Иако патувањето со мали приватни авиони го сметав за луксуз, овојпат беше неопходно и единствен начин за да стигнам тука. Од ова искуство научив дека малите авиони се побезбедна опција, па можеби ќе ги зачестам патувањата - се пошегува тој. Во Босна Тоше, заедно со својата менаџерка Лилјана Петровиќ, престојувал ни помалку ни повеќе туку во домот на американскиот амбасадор Лоренс Батлер. Дипломатот што до минатата година беше претставник на САД во Македонија сега е на истата функција во Босна и Херцеговина и како голем пријател на Проески го поканил да спие во неговиот дом. - На мое изненадување, а во договор со Лиља, амбасадорот Лоренс Батлер ни понуди да престојуваме кај него. Додека беше во Македонија ние станавме многу добри пријатели. Присуствувавме на многу средби во неговата резиденција и ги задржавме контактите на пријателска основа. При престојот кај господинот Батлер и неговата сопруга, јас и Лиља се чувствувавме крајно семејно. Новогодишната ноќ Проески ќе ја помине на плоштадот „Македонија“. - Добив понуда со трипати поголем хонорар за настап во новогодишната ноќ во Словенија, но го одбив бидејќи сакав да си бидам дома, во Македонија. Чувствувам како малку внимание да им посветив на моите дома, па веднаш по настапот на плоштадот ќе си заминам за Крушево - дополнува Тоше.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше со приватен авион слета во Скопје / 26.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: