Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Вечер што сите ги сплоти во едно / 27.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Вечер што сите ги сплоти во едно / 27.12.2005 Empty
PostSubject: Вечер што сите ги сплоти во едно / 27.12.2005   Вечер што сите ги сплоти во едно / 27.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:23 pm

Дневник / 27.12.2005
ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Не стекнуваме пријатели со тоа што примаме добродетелства, туку зашто ги правиме. Тоше Проески завчеравечер, на хуманитарниот концерт, којзнае по кој пат покажа дека хуманоста нема граници. Парите собрани од концертот се наменети за реновирање на Институтот за белодробни заболувања во Козле. Со ова Тоше стекна многу нови пријателчиња, кои искрено и од срце знаат да се израдуваат. Кога нешто им е посветено на децата, не може да не помине убаво и да нема емоции во изобилство. Целиот концерт беше во знакот на децата. Тие беа во најголем број во преполната Универзална сала, каде што присуствуваа и децата од Детското село С.О.С, специјалните гости - 50-те балерини од Балетското музичко студио, младите виолинисти на Зоран Џорлев, "Златните славејчиња" и малата Мартина Силјановска. Тоше не можеше да го скрие заморот на своето лице, бидејќи само неколку часа пред концертот се врати од Сараево, каде што имаше настап и промоција на новиот албум "Пратим те". Искрен и природен, тој рече: - Пред три часа се вратив од Сараево, не можев ниту да одам ниту да зборувам. Сега ќе ви ги дадам моите "последни" капацитети. Батериите ги полнам тука, на сцената, со вас. Вие ми давате енергија. Огромниот број гости во оваа вечер докажува дека сме хумани и дека нашиот пат е заеднички. Првите неколку песни Тоше ги испеа на плејбек. Публиката го почувствува тоа, па немаше многу овации, но Тоше брзо се врати во форма. Атмосферата во секунда се промени по "грмнувањето" во живо, на првите акорди од "Рани на усните". Придружуван од "Блу фанки индивидуалс", Тоше и се даде на публиката максимално. Ниту оваа вечер не беше премногу изморен за да го бакне и гушне секое дете што ќе се појави на сцената. Следеа песните од новиот албум, "Лошо ти стои", "Кој ли ти гризе образи", "Громови на душа". "По тебе" буквално сите ги крена на нозе. Во воздухот лебдеше чудна еуфорија, сплотеност и едногласност на публиката, која истовремено пееше, ракоплескаше, играше и врескаше. Следуваше "Љубена" и омилената на Тоше *"Тиме то саѕ гоодбуе" од италијанскиот пејач Андреа Бочели. Одличен настап имаа и децата од хорот "Златно славејче". Тоше, потпевнувајќи ја својата песна со која пред многу години настапи на овој фестивал, ги најави славејчињата. Малата Мартина Силјановска, новата ексклузивка на "Фајнал кат продукција", исполни две нумери од својот нов албум и докажа дека е родена за сцената и дека и претстои успешна кариера. Публиката се уште најемотивно реагира на песните со кои Тоше ја почна својата кариера и без кои не може да помине ниту еден негов концерт. На овие песни никој не седеше, сите беа на нозе и наизуст ги пееја сите стихови. Младите виолинисти на Зоран Џорлев и Тоше на сите дечиња им ја честитаа Новата година исполнувајќи ја "Џингл белс". Крајот се насети кога Лилјана Петровиќ на сцената и подари букет цвеќе на мајката на Тоше. Нашата мегазвезда силно ја гушна мајка си и и се заблагодари што го родила. Следуваше громогласен аплауз. Салата "врескаше" од емоции. За крај, Тоше ја испеа англиската верзија на песната "За овој свет", што им ја посвети на сите деца. Концертот беше под силно обезбедување кое дури ни на родителите на Тоше Проески не им дозволи да влезат без карти. Својата хуманост овој пат не ја покажаа политичарите, бидејќи никој од нив не присустуваше на концертот.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Вечер што сите ги сплоти во едно / 27.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
»  Хуманитарна акција "Сите сме нивни деца" / 06.05.2005
» Спектакуларна вечер на забава и на награди / 14.10.2005
» ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА / 22.01.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005
» Тоше го прослави 24. роденден / 27.01.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: