Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше инспириран легна на сцена / 27.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше инспириран легна на сцена / 27.12.2005 Empty
PostSubject: Тоше инспириран легна на сцена / 27.12.2005   Тоше инспириран легна на сцена / 27.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:24 pm

Утрински / 27.12.2005
"Со музика за живот" четврт хуманитарен концерт на Проески

Неколку пати одложуваниот концерт на Тоше Проески на Градски стадион ќе се одржи во мај или најдоцна во јуни 2006 година во придружба на Симфонискиот оркестар. "Сакам да застанам пред оркестарот и да ви ги покажам сите мои емоции", рече Проески, потврдувајќи го терминот и најавувајќи дека е во план со оркестарот да се поминат и другите градови низ бивша Југославија. катерина Шекеровска Со зарипнат глас, забележливо изморен од патот (од Босна пристигна неколку часа пред концертот) и со лошо искуство со организацијата (мораше да му се закани на обезбедувањето за да ги пушти неговите родители), Тоше Проески приреди одличен вечерен хуманитарен концерт, насловен како “Со музика за живот". - На врат и на нос, вечерва стигнав, каков таков, рече Тоше во почетокот, отворајќи го концертот со детската химна за УНИЦЕФ, “За овој свет". Најавата ја имаше Весна Бејби (беше дојдена заедно со ќеркичката Мина), бендот на сцената беше “Блу фанки индивидуалс", а репертоарот - најразличен, почнувајќи од “Ако ме погледнеш во очи", “Кој ли ти гризе образи", “Громови на душа", “Чија си", “Љубена"... Задолжителна глетка: деца со подароци го опсипуваа Тоше на сцената, додека безброј раце се подаваа од централниот долен дел (партерот беше изваден), се пееше во еден глас... Концертот на Проески во Универзална го одбележаа и неговите гости (изборот беше лично негов) - малите балеринчиња под водство на Сања Шутевска, дечињата од “Златно славејче", Мартина Силјановска со придружниот бенд “Ентерпрајз" и виолинистите од школата на Зоран Џорлев. Малку по почетокот зарипнатиот глас на Проески стана историја - Тоше во свој елемент, а публиката во занес. Се редеа “По тебе", “Излажи ме уште еднаш", “Ледена", “Во коси да ти спијам", “Тајно моја"..., се пееше и на англиски, италијански јазик... Тоше е еден и единствен, тоа е непобитен факт, за кого, како што рече неговата менаџерка Лилја, секако, најзаслужни се неговите родители. - Мамо, фала ти што ме роди. Тато, фала ти што се потруди, им се обрати Проески на своите родители кои седеа во првите редови заедно со неговата сестра, зетот и внучињата. Мајката на Тоше, Доминика, доби букет цвеќе од Лилја, Тоше легна на сцена, а аплаузите не запираа. Следуваа “Ис тхис Лове" и “Хере И Го Он Мѕ Оњн Агаин", уште една изведба на “За овој свет", овој пат на англиски и смут-верзија на “Ангел си ти" - некаде околу 23 часот, како завршница на концертот на кој, секако, најмногу му се радуваа децата од Домот “11 Октомври", од детското СОС-село од Скопје и лицата со хендикеп, кои беа специјални гости во публиката. Собраните средства од концертот на Проески и од отворената линија на “Космофон", на која можеа да се донираат по 50 денари, ќе бидат донирани на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше инспириран легна на сцена / 27.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: