Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Пречек со поп, фолк, етно и со техно-музика / 31.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Пречек со поп, фолк, етно и со техно-музика / 31.12.2005 Empty
PostSubject: Пречек со поп, фолк, етно и со техно-музика / 31.12.2005   Пречек со поп, фолк, етно и со техно-музика / 31.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:26 pm

Дневник / 31.12.2005
ВЕЧЕРВА "ЛУДНИЦА" НА ПЛОШТАД

Централната манифестација на плоштадот Македонија за пречек на Новата година ќе почне вечерва во 20.30 часот. Големата забава на отворено ќе ја отвори Сецешн џез-бендот, а атмосферата ќе ја загреат Александра Пилева и Бени Шаќири. Веднаш по нивниот настап следува "парче" етномузика со групите "Синтезис", Блејзери и Есма Реџепова. Точно на полноќ ќе запеат оперските ѕвезди Ана Дурловска и Цветан Стојановски, а одбројувањето до Новата 2006 година ќе заврши со спектакуларен огномет над плоштадот, донација од "Македонски телекомуникации". Целото шоу ќе кулминира со едночасовниот мини-концерт на Тоше Проески, по што следува настапот на диџеј Никифор до рано изутрината. Бината на плоштадот е странично поставена за да се овозможи непречено движење преку Камениот мост. На неа ќе биде живо уште денеска напладне, за кога е закажан почетокот на богатата новогодишна програма за најмладите. Покрај традиционалното пристигнување на Дедо Мраз со златна кочија, со свои точки ќе настапат децата од хорот "Златно славејче", многу жонглери и акробати, ѕвездите на М2-продукција и пејачот Адријан Гаџа. Новогодишната програма ја креираа градските власти и таа ќе биде во духот на препознатливото од Македонија, односно она што претставува квалитет и државен бренд. Украсувањето и организација на централната прослава чинат околу 90 илјади евра. За да не се повторат немилите настани од минатогодишниот дочек на Новата година, кога од залутан куршум загина 19-годишната Наташа Кметовска, Градот и МВР направија план за обезбедување на плоштадот во новогодишната ноќ, со надеж дека ќе бидат спречени поголеми инциденти. Скопскиот градоначалник, Трифун Костовски ги повика граѓаните да ја дочекаат Новата година на плоштадот, но да се воздржат од користење оружје и пиротехнички средства. - Напуштете ја традиционалната прослава со пукање зашто е многу опасна и секогаш завршува со фатални последици. Новата година дочекајте ја достоинствено - порача Костовски.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Пречек со поп, фолк, етно и со техно-музика / 31.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: