Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ја промовираше новата песна "Студена" / 10.07.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ја промовираше новата песна "Студена" / 10.07.2002 Empty
PostSubject: Тоше ја промовираше новата песна "Студена" / 10.07.2002   Тоше ја промовираше новата песна "Студена" / 10.07.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 10:45 am

Дневник / 10.07.2002
НОВ АЛБУМ НА ПОП-ЅВЕЗДАТА ПРОЕСКИ

Популарниот поп-пејач Тоше Проески го промовираше новиот сингл "Студена", вчера во скопскиот клуб "Кабрио". Оваа промоција истовремено беше можност јавноста да се запознае со новиот проект на Проески, кој моментно се снима во студиото "Face oe" во Атина, Грција. - Презадоволен сум од соработката со грчките автори и со новата менаџерка Љиљана Петровиќ. Едноставно сум фрапиран од нивниот однос и грижата кон мене - изјави Тоше за своите нови соработници од "Fial Cut Productio". Музички продуценти на неговиот нов албум се Манолис Влахос, а композициите и аранжманите се на Фивос, најпопуларниот грчки композитор. Текстовите за три композиции на српски јазик ги напишала Марина Туцаковиќ. Еден текст е на познатата писателка Гага Росиќ, која го напишала инспирирана од средбата со Тоше. Препевите на македонски јазик ги направил Миодраг Врчаковски. Другите песни од овој проект ќе ги изработат текстописци и композитори од Македонија и од Србија. Новиот албум на Тоше ќе содржи десет композиции, а се планира снимањето да заврши кон крајот на август. Албумот ќе биде издаден во средината на идниот август. Планирано е цедето да се појави и на македонскиот и на српскиот пазар. Тиражот за македонскиот пазар ќе биде 50.000 примероци. Во средината на август Проески ќе ја промовира баладата наречена "Благодарам". По завршувањето на тонското снимање, ќе се снимаат четири видеоспотови во странство и делумно на домашен терен. Режисер на видеоизданијата ќе биде Дејан Миличевиќ. (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ја промовираше новата песна "Студена" / 10.07.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: