Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Промоција на новиот албум на Тоше / 23.10.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Промоција на новиот албум на Тоше / 23.10.2002 Empty
PostSubject: Промоција на новиот албум на Тоше / 23.10.2002   Промоција на новиот албум на Тоше / 23.10.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 11:06 am

Дневник / 23.10.2002
НА 29 ОКТОМВРИ ВО "АЛЕКСАНДАР ПАЛАС"

Новиот албум на Тоше Проески, трет по ред, ќе биде промовиран на 29 октомври во хотелот "Александар палас", а ќе биде пуштен во продажба од први ноември. Албумот содржи осум композиции, еден ремикс (на песната "Лименка") и нумера што Тоше ја пее на англиски јазик. Нејзин автор е Никола Перевски Пере, текстот го напиша Американката Лилиен Влаху, а аранжманот го направи познатиот диџеј Кан. Како потписник на композицијата "Магија", која Тоше ја пее во дует со Есма Реџепова, се јавува грчкиот композитор Манолис Влахос. Автор на другите песни е грчкиот композитор Филос. Досега се снимени само два спота за нумерите "Немаш ни благодарам" и "Магија", кои ги изработи "Томато-продукција". Како што дознаваме за композицијата "Немаш ни благодарам" Тоше веќе реализирал клип во Грција, но изгледал многу уморно и затоа неговиот тим решил да снима ново видеоиздание. (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Промоција на новиот албум на Тоше / 23.10.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: