Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Гала-промоција на новиот албум на Тоше Проески / 31.10.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Гала-промоција на новиот албум на Тоше Проески / 31.10.2002 Empty
PostSubject: Гала-промоција на новиот албум на Тоше Проески / 31.10.2002   Гала-промоција на новиот албум на Тоше Проески / 31.10.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 11:08 am

Дневник / 31.10.2002
ВО ВТОРНИКОТ, ВО "АЛЕКСАНДАР ПАЛАС"

На прес-конференцијата менаџерката на Тоше истакна дека тој ќе биде меѓу балканските музички ѕвезди што ќе ја снимат песната за Олимписките игри во Атина во 2004 Пред повеќе од петстотини јавни и естрадни личности завчеравечер, во хотелот "Александар палас" се одржа гала-промоција на новиот албум на Тоше Проески наречен "Ако ме погледнеш во очи". Пред почнувањето на коктел-забавата, на која Тоше во живо отпеа неколку теми од најновиот албум, се одржа прес-конференција, која ја следеа голем број новинари од пишаните и електронските медиуми. - Морам да ви признам дека сум многу емотивна личност и во исчекувањето на некој главен настан во мојата кариера, ми се случува на моменти да западнам во "криза" и да ми се одземе здивот. Продуцентот Манолис Влахос во текот на снимањето ми ја "извади" душата. Од овој момент конечно почнав да дишам полесно - им се обрати Тоше на новинарите, видно возбуден и среќен. Тој упати голема благодарност до соработниците и, пред се, до Есма Реџепова, со која ја отпеа песната "Магија", за која истакна дека му го разубавела албумот. Кралицата на ромската песна, пак, за него рече: - Пејач како Тоше се раѓа еднаш на сто години. Да си ги чуваме уметниците, зашто се многу ретки и ранливи. Само преку музиката светот најбрзо ќе дознае за Македонија. На промоцијата присуствуваа менаџерката на Тоше, Лиљана Петровиќ, продуцентот на албумот Манолис Влахос, текстописецот на нумерата на англиски јазик "Hold Me Tight", Вивиен, Сула Јакувиду, правниот застапник на "Фајнл кат продакшн" и Антонио Димитриевски, директорот на Касетната продукција на МРТ (кој воедно е и издавач на албумот "Ако ме погледнеш в очи"). Љиљана Петровиќ кажа дека по првата средба со Тоше сфатила оти станува збор за невиден талент, кој мора да го слушне и Европа. Затоа нивниот следен чекор ќе биде нов албум, кој ќе се снима на англиски јазик, најверојатно во мај идната година, со кој ќе се обидат да го освојат европскиот пазар. Таа исто така истакна дека Тоше ќе биде дел од екипата познати балкански музички ѕвезди што ќе ја снимат песната за Олимписките игри во 2004 година во Атина. Автор на оваа нумера ќе биде грчкиот композитор Фивос (29), кој е автор на сите песни од албумот на Тоше, а стои зад вкупно 750 композиции и соработувал со познати европски ѕвезди. Поради заштита од пиратството, албумот ќе биде пуштен во продажба истовремено и на српскиот и на македонскиот пазар од 1-ви до 3 ноември. На прес-конференцијата премиерно беше прикажан и спотот за песната "Немаш ни благодарам", кој го изработи "Томато-продукција". По завршувањето на прес-конференцијата се одржа коктел-забава на која присуствуваа многу познати личности од сите сфери на јавниот живот: Калиопи, Дарко Димитров, Весна Петрушевска со сопругот, Светлана и Мики Црнокрак, Оливер Белопета, Иво Јанковски, Александар Ношпал, Сретен Костиќ, Бени од "Нонстоп", Илија Псалтиров, брачниот пар Врчаковски, Индира и Зоран Кастратовиќ... и политичарите Владо Бучковски и Трифун Костовски со сопругите.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Гала-промоција на новиот албум на Тоше Проески / 31.10.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: