Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Обожавам да живеам како милионеркаа / 09.11.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Обожавам да живеам како милионеркаа / 09.11.2002  Empty
PostSubject: Обожавам да живеам како милионеркаа / 09.11.2002    Обожавам да живеам како милионеркаа / 09.11.2002  EmptyFri Sep 20, 2019 11:15 am

Утрински / 09.11.2002 Обожавам да живеам како милионеркаа / 09.11.2002  Ljiljana_petrovic_tose_proseki_684329916
Лилјана Петровиќ, актуелна менаџерка на Тоше Проески

За неа се зборува дека е жена која го смени Тоше. Лилјана Петровиќ, дама со неколку пасоши, енергична и комуникативна, може да ве зачуди со сентиш-изјава дека сў уште се смета за девојче. Но, во контекстот - успешен и амбициозен татко, таа единка во постојано докажување, нешто како син на тато , кој одбегнува женски работи и исти такви- женски приказни, ќе ве предизвика да го намалите скептицизмот. Разговорот што следува значи црна или бела опција на верување.Нијансите се прашање на стил.

Што беше пресудно да почнете да работите со Тоше Проески токму во моментот кога тој завршуваше со едно поглавје во животот (прекинување на договорот со "Авалон", раскинување на долгогодишната врска). И зошто токму тој?

-Јас се занимавав со некои други работи, всушност се занимавав со бизнис, а тој нема мера за бизнисување. Значи, бев најголем арт-дилер, се занимавав со уметнички слики, сега со музика, а пред тоа со некои други работи. За мене бизнис е бизнис, треба да се најде начин како да му се пристапи, колку себеси ќе се дадеш во тоа. Сў што работам важно ми е да го сакам - ја сакав уметноста, музиката, работев со некои грчки пејачи, ама си реков: работиш за други, а не за свои пејачи и покрај тоа што долго сум надвор и ништо емотивно не ме врзува за Југославија. Растев и се школував во Германија, студирав во Италија и во Швајцарија (внатрешно декорирање), ама знаев дека квалитетите секогаш треба да излезат и да дојдат во вистински раце. И тешко ми е кога ќе се свртам и кога ќе видам луѓе кои тргнаа по крив пат само затоа што "некои" заклучиле дека - така треба. За себе не сметам дека имам право некого да насочувам погрешно и лошо. Велам, работам толку колку што умеам и знам, а кога ќе почувствувам дека не можам да го следам капацитетот на другиот, не би му застанала на патот. Соработката со Тоше дојде случајно. Дојдов во Македонија поради Билјана Крстиќ, етно-пејачка, со која сакав да направам нешто тука, на Балканот. И случајно ми се случи Тоше. Сретнав едно загубено момче, депресивно, исплашено, многу несреќно во тој момент и една чиста душа што, всушност, за мене и беше најважно. Јас се понудив да му помогнам, но доста ми беше од таа работа, иако знаев дека е капацитет што треба да се искористи, но и дека е голем товар, а два веќе имав на грб. И кога го упатив, видов дека не може да тргне сам, му подадов рака и сфатив дека немам право да ја повлечам. Патем, луѓето со кои работам морам да ги сакам, тие мора да ја заслужуваат мојата љубов затоа што имаат големина, чисто срце, го сакаат тоа што го прават, а го прават добро.

Интересен податок е дека со Тоше не бевте врзани со никаков договор до издавањето на цедето. Толкава верба од почетокот?

-Јас знам колку можам да дадам и си реков: тоа му е потребно сега на Тоше и друг не може да му го даде. Тој го препозна тоа и го почитува. Кога веќе нема да можам, кога ќе му треба повеќе, ќе му препорачам некој друг кој ќе може. Сметам дека немаме право да го менуваме текот на животот поради наши себични причини. Затоа ниту еден договор мене не ми значи ништо освен дека морам да му го дадам тоа што му го ветив. Јас го почитувам својот збор и наутро, гледајќи се во огледало, кога ќе видам некоја лажливка пред себе, тогаш нема ни да постојам. Јас сум емотивен човек.

Од вашата досегашна менаџерска работа начувме само околу ангажманот со Јелена Карлеуша. Со што уште можете да се пофалите?

-Да, Јелена работеше паралелно со Тоше и нивните албуми ќе се појават во исто време. Работам со Билја Крстиќ, Харем, Инис, Синан, се разбира, нешто како размена на соработници во Шпанија ,Турција, Мексико.

Влече ли менаџерската професија дополнителни тешкотии поради тоа што сте жена. И покрај тоа што сў уште важат фразите дека светот го вртат токму тие?

-Мислам дека е полесно. И треба да се препознаат луѓето кои имаат потреба од пари - не ги создале навреме или немале можности и луѓето кои не се гладни, значи ја работат работа од љубов и очекуваат финансиски резултати кога ќе ја завршат работата. Тоа мене ми е патоказ колку сум добра и успешна. Јас сум тип кој вложува сў на едно и добива сў или ништо. Јас не знам за средина. Значи, Тоше е лице што го сакам и на кого му верувам. Таа доверба е бескрајна и се однесува на двајцата. Кога ќе почувствувам дека некој не ми верува - не влегувам во тоа тукутака, тоа ме навредува. Немам причина некого да кренам и преку ноќ да ги земам милионите. Јас живеам како милионерка и мене милионите не ми требаат. Никогаш нема да имам милиони, само обожавам да живеам како милионерка.

Синдромот на "сирота мала богаташка"?

-Секогаш бев тоа и секогаш имав сў што ми е потребно во животот. И не постои работа што во животот можам да ја посакам. Парите не ми се предизвик ама ми е предизвик да заборавам што имам и да успеам во нешто друго, ново.

Вашиот начин на работа значи и целосно, 24-часовно "бдеење" над Тоше?

-Тоа е светски начин на менаџирање. И да направиш ѕвезда, мораш да и се посветиш морално, материјално - ѕвездата мора да се формира, мора да постои врска меѓу вас.

Многумина забележуваат дека и покрај вродениот шарм, Тоше своевремено правеше гафови на професионален план, што му донесоа епитети - разгален и неодговорен?

-Сменет е. Тоше беше дете и никој не работеше со него - живот. Работеа на начин - аха, ти си пејач, треба да одиш ваму и таму, значи само во нештата каде што се парите, возење до одредена дестинација и повторно гледање пред концерт. Тоа не е класично менаџерство во светот и, ако јас на Тоше му се посветувам 20 часа дневно, (остатокот морам да спијам) значи работам со него на начин што претставува обврска, одговорност, што значи да се преставува една нација во светот, сў што му треба, значи и кога му е тешко и кога му е добро. Тука сум да му простам, јас сум таа која постојано критикува и тој мора многу да ме сака и да ми верува за да може да ги поднесе критиките, а и јас него. Значи, не можеш само да земеш, туку треба и да даваш. А јас му давам и време и внимание, и му ги исполнувам желбите во моменти кога е тоа потребно и тој ги исполнува моите.

Значи ли тоа дека доколку не ви се допаѓа неговиот избор на девојка, друштво, тоа ќе го забраните, стопирате?

-Никој го нема тоа право. Јас сакам да му дадам аргументи и секогаш му давам време самиот да сфати. Или со примери му ја доведувам состојбата да може да препознае нешто. Значи, не сум тип кој вели: ова можеш, ова не - немам право на тоа. Ниту, пак, кој било има право да го менува правецот на судбината што му е наменет. Сакам да му овозможам да ги препознава нештата во животот.

Вашето постојано појавување заедно, и приватно, и во јавноста исконструира приказни дека сте повеќе од соработници. Има ли некоја тајна врска?

-Имам 45 години, можеби тоа и нема врска со годините, но луѓето мораат да сфатат дека ова е огромен проект и дека Тоше како пакет не е подготвен за него и јас не можам да го пуштам тукутака во еуфорична состојба, морам многу да му се посветам за тоа да биде в ред, за да излеземе надвор. Не е светот Македонија и јас сум со Тоше само затоа што тој чувствува таква потреба. Имам свој приватен живот, нека не се грижат луѓето за тоа. Да беше мојата емотивна состојба спрема Тоше таква, јас би го кажала тоа јавно. Не сум жена со семејство, јас сум слободен стрелец и ако нешто сакам, тоа го земам јавно. Значи, ниту постои ниту кога било ќе постои некаква врска. Работа е едно, а емоциите се нешто сосем друго. И во моментот кога ќе ми се случи љубов, тоа сите ќе го знаат, зашто - немам никакви тајни.

Во јавноста поприлично се крена прав и околу сумата од 100.000 евра, колку што најавивте дека чини проектот?

- И поголема е од тоа - гледате билборди, песни, патувања живеење во Грција... На англискиот албум една песна чини од 15 до 20 илјади евра. Што значи тоа? Дека верувам во Тоше, дека вреди и повеќе и дека тоа и ќе го докаже.

Најавувавте и светска кариера. Желба или...?

-Тоше никогаш не ме интересираше за Македонија, со самото тоа што го дадов на МРТВ, како готов производ, проект, не знам дали луѓето го препознаваат тоа. За тука е неисплатлив и нема да даде ништо назад. Во Македонија работам од почитување спрема овој народ, спрема квалитетот што се роди и моите дела нека кажат самите. Сакам да сум критикувана за тоа што го направив, а не за тоа што не го направив. Зборувам директно, јавно, не дилам со вистината - обезбедив средства од страна, не од Македонија. Значи на овој народ само му дадов и убаво е ако тоа се препознае. На Тоше му претстои светска слава и јас само работам на негова психичка подготовка... Правиме песна за "Сан Ремо" и во контакти сум со продуцентите на Кајли Миног, Витни Хјустон, Сантана, бараме песни за англискиот албум, што ќе излезе во април, сакаме да продадеме 55.000 диска до Нова година, колку што е потребно за конкурс... Значи, во план се 4 песни, една дует со светски ѕвезди од земјите во кои ќе се промовираме - Јапонија, Кина, Шпанија, Турција, а за прогнозите на бившите ЈУ-републики - и да не зборуваме.

Со кој друг пејач би ви било предизвик да работите ?

-Долго време сум во Македонија и, слушајќи женски вокали, не налетав на нешто за што би рекла - ваууу, ова е дадено од Господ! Тоше толку ме преокупира, решена сум да успеам, па дури да ја жртвувам и наредната година, така што ништо друго не ми паѓа на ум. Покрај тоа, во овој момент во мене има малку емоции, што не знам што би му дала на тој другиот. Македонија за вас е нова земја.

Се чувствувате ли осамено како жена?

-Јас сум Терезија во хороскоп и тешко ми е да најдам хармонија, тасовите да ми стојат на исто. И исто како на работа, така се давам и во љубовта и тоа се опасни фази. Во овој момент сум преокупирана само со работа и немам волја и желба за ништо друго... Во Грција оставив драго лице, оти сметав дека не е чесно јас да сум тука три месеци, а тој таму сам. И така, тоа остана платонска љубов... А којзнае, можеби во Македонија ќе ми се случи нешто убаво.

Валентина Тодоровска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Обожавам да живеам како милионеркаа / 09.11.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: