Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе пее, Ван Дам ќе тепа според сценарио на Оливер Ромевски / 14.11.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе пее, Ван Дам ќе тепа според сценарио на Оливер Ромевски / 14.11.2002 Empty
PostSubject: Тоше ќе пее, Ван Дам ќе тепа според сценарио на Оливер Ромевски / 14.11.2002   Тоше ќе пее, Ван Дам ќе тепа според сценарио на Оливер Ромевски / 14.11.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 11:31 am

Дневник / 14.11.2002
ВО ФИЛМОТ "ЛОВЕЦ НА ДУШИ"

Поп-ѕвездата Тоше Проески ќе ја пее насловната тема во филмот "Ловец на души", во режија на Дениз Фатим од Германија, во кој главната улога ќе ја толкува познатиот белгиски актер Жан Клод ван Дам. Сценарист на овој филм е Оливер Ромевски. - Продуцентската куќа што ќе работи на мојот филм завчера склучи договор со "Фајнл кат продакшн" насловната тема во филмот "Ловец на души" да ја пее Тоше Проески. Сметаме дека ова ќе биде квалитетен филм и ни беше потребен пејач од негов калибар - рече Ромевски. Филмот, кој треба да почне да се снима в година во март, е во македонско-германска копродукција, а веќе е обезбеден буџет од 2,5 милиони долари. Средствата од 1,6 милион евра ги обезбеди продуцентската куќа "Ена филм ГМБХ" од Германија на Весна Јовановска, продуцентка на филмот "Прашина" на Милчо Манчевски. Ромевски очекува македонското Министерство за култура да им додели 600 илјади евра, а буџетот ќе биде проширен и со инвестиции од францускиот копродуцент. Директор на филмот за Македонија е Никола Мадиќ. Кастингот ќе го прави македонската актерка Билјана Драгичевиќ. Музиката е на Бранко Попчевски, а сценографијата на Вања Николовски. Една од главните улоги ќе толкува младиот американски актер Марио Перез. Најголем дел сцени ќе се снимаат на локации во нашата земја. Дејството на филмот се одвива на Шар Планина, во тајна американска база, кога под чудни околности исчезнуваат десет американски војници. Соња Алексоска Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ќе пее, Ван Дам ќе тепа според сценарио на Оливер Ромевски / 14.11.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: