Дневник / 19.11.2002
новиот албум ВО ПРОДАВНИЦИТЕ
Поп-ѕвездата Тоше Проески, утре во музичката продавница "Југотон" од 13 до 15 часот ќе ги потпишува првите купени примероци од својот најнов албум, "Ако ме погледнеш во очи". Вечерта од 20 до 22 часот ќе се сретне со своите обожаватели што ќе го купат албумот во "Цеде-шоп Аба", во населбата Аеродром. Инаку турнејата на македонската поп-ѕвезда почнува на 26 ноември, со концертот на Скопскиот саем, а продолжува со настапите во Струмица (30 ноември), Прилеп (2 декември), Битола (4 декември), Охрид (6 декември), Кавадарци (8 декември), Велес (13 декември), Штип (15 декември), Гевгелија (17 декември), Тетово (19 декември) и Куманово (20 декември). На концертите на Тоше ќе настапат и неколку интересни гости. Популарниот турски бенд "Харем" ќе гостува на првите четири концерти. Пред публиката во Охрид и Кавадарци неколку песни ќе отпеат Билјана Крстиќ и "Бистрик бенд", а во другите градови гостинка на Тоше ќе биде југословенската пејачка Леонтина. (С.А.Н.)