Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Концерт на Тоше Проески / 26.11.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Концерт на Тоше Проески / 26.11.2002 Empty
PostSubject: Концерт на Тоше Проески / 26.11.2002   Концерт на Тоше Проески / 26.11.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 11:44 am

Дневник / 26.11.2002
НА СКОПСКО САЈМИШТЕ

Поп-ѕвездата Тоше Проески со денешниот промотивен концерт на новиот албум наречен "Ако ме погледнеш во очи", кој ќе го одржи во првата хала на Скопското сајмиште, ќе ја најави турнејата, која ќе опфати седум града низ Македонија. Гости на концертот ќе бидат турската музичка атракција "Харем", балетската група "Ребис" и малиот Дарко Цветковиќ, кој ќе ја отпее песничката "Како Тоше", изведена на минатогодишното издание на фестивалот "Златно славејче". За сценариото и режијата на концертната програма се погрижи Наташа Поплавска. - Уште еден од моите сонови се оствари, а тој е да режирам концерт на една голема ѕвезда како Тоше и среќна сум што таков голем пејач има во Македонија. Конечно и кај нас почнаа да функционираат работите како што треба и најверојатно поради широчината на менаџерката Љиљана Петровиќ, која ме ангажира за овој проект, Тоше ќе има концерт на ниво на спектакл - најави Поплавска. Концертната програма во секој град каде што ќе настапи ќе биде различна. За комплетниот имиџ на Тоше ќе се погрижат Александар Ношпал (гардероба), Владо Георгиев (шминка) и Јосип Ербержнак (фризура). Тие ќе го придружуваат во текот на целата турнеја. Концертот ќе почне во 20.30 часот, а влезниците по цена од 400 денари се продаваат во Сајмиште, Арена, Веро 1 и 2, Прч 1 и 2, Гуливер Мајлс и маркети Алберто во Порта Влае. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Концерт на Тоше Проески / 26.11.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: