Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Еуфорична концертна забава / 28.11.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Еуфорична концертна забава / 28.11.2002 Empty
PostSubject: Еуфорична концертна забава / 28.11.2002   Еуфорична концертна забава / 28.11.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 11:46 am

Дневник / 28.11.2002
ТОШЕ ПРОЕСКИ НА СКОПСКИ САЕМ

Македонската поп-ѕвезда го заврши двеиполчасовниот концерт со ветување дека следната средба со публиката ќе биде на Градскиот стадион Повеќе од 7.000 обожаватели на Тоше Проески го проследија неговиот солистички концерт, кој се одржа завчера вечер во првата хала на Скопски саем, во организација на "Примус продукција". Оваа импозантна бројка на луѓе предизвика голем сообраќаен метеж и турканици на местото на настанот. Двеиполчасовната еуфорична концертна забава ја најави малиот Игор Цветковиќ, кој се појави во гардероба од славниот пејач и ја отпеа песничката "Како Тоше", изведена на ланскиот детски фестивал "Златно славејче". Оваа точка од сценариото имаше посебна симболика - токму на овој фестивал во далечната 1992 година, Проески ги направи првите чекори на музичката сцена. Појавувањето на најголемата македонска поп-ѕвезда беше проследено со извици од задоволство и со врисоци, кои не стивнаа до крајот на концертот. - Викај, Скопје, на цел глас, за да ве слушне цела Македонија - со овие зборови тој ја побара поддршката од својата публика, која му возврати со пеење и играње во текот на целиот концерт. Во првиот музички блок тој ги отпеа композициите "Немаш ни благодарам", "Илузија", "Соба за тага", "Ех да сум злато" (одлично направен микс на стари-нови композиции)... Особено беше зачудувачки фактот што за публиката составена од припадници на разни генерации, новите песни не беа енигма, со оглед на тоа што неговото најново музичко издание беше пуштено во продажба еден ден пред почетокот на концертот. По четириесет и петте минути исполнети со песни и размена на енергија со своите обожаватели, Тоше се повлече од сцената за да им отстапи простор на гостите од Турција, големата музичка атракција "Харем". Публиката не остана имуна ниту на нивните препознатливи музички ритмови, на кои играа девојките од балетското студио "Ребис". А, штом се слушнаа првите звуци на темата "Магија", на задоволство од сите присутни во салата, на сцената се појавија Тоше и Есма Реџепова- Теодосиевска, кои ја отпеаја заедно оваа песна придружувани од членовите на "Харем". Потоа следуваше нов блок композиции во побрз ритам ("Излажи ме", "Лименка", "Студена") и откако добро ја "препоти" публиката, се повлече од сцената за да ја облече третата креација на Александар Ношпал, која ја носеше таа вечер. Во таа кратка пауза бендот "Блу фанки индивидуалс", кој го придружуваше на сцена, потпомогнат од талентираниот трубач Ѓоко ја отсвире инструменталната верзија на песната "Во коси да ти спијам", која публиката сама ја пееше. Крајот на концертот го означија темите "Сонце во твоите руси коси", "Твоите бакнежи на моите бели кошули", "Тајно моја"..., а потоа уследи изведбата на песната "Freedom", на Џорџ Мајкл која Тоше ја отпеа во дует со пејачот на бендот што го придружуваше. Тогаш на сцената се појавија и неколку манекенки кои играа со него и фрлаа рози во публиката. По двата биса, Тоше ја напушти сцената со ветување дека кога ќе го сними новиот албум на англиски јазик, местото на новата концертната дружба ќе биде Градскиот стадион.
Соња Алексоска Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Еуфорична концертна забава / 28.11.2002
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Познати номинациите за "12 величествени" / 09.02.2002
» Тоше во Германија / 20.03.2002
» "Љубовта е најважна од се" / 28.12.2002
» Тоше ќе ве чека во "Планет" / 04.04.2002
» Два нови концерта во Скопје / 21.12.2002

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: