Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе одржи и втор концерт во Лондон / 15.01.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе одржи и втор концерт во Лондон / 15.01.2003 Empty
PostSubject: Тоше ќе одржи и втор концерт во Лондон / 15.01.2003   Тоше ќе одржи и втор концерт во Лондон / 15.01.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 12:45 pm

Дневник / 15.01.2003
уште еден успешен настап НА НАШАТА НАЈГОЛЕМА ПОП-ЅВЕЗДА

На 16 февруари Проески повторно ќе гостува во градот на Темза заедно со позната југословенска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ Околу илјада посетители го проследија концертот на поп-ѕвездата Тоше Проески што се одржа на 8 јануари во дискотеката "Еквинокс" во Лондон. Еден ден претходно во оваа позната лондонска дискотека, која собира 3.000 посетители, прес-конференција по повод најновиот филм, одржал познатиот актер Леонардо ди Каприо. На двоиполчасовниот концерт на Тоше присуствувале претежно Македонци од повеќе возрасти што живеат и работат во Лондон. Гости на овој концерт биле Есма Реџепова, која пред тамошната публика се претставила со четири песни, и белградската група Д&Д. Девојките од овој бенд, ќерки на познатите браќа Кариќ, сопственици на белградската "БК телевизија", отпеале две композиции. Публиката одлично реагирала на изведбата и на нумерите на Тоше и го вратила на бис. - За мене е голем успех фактот што одржав солистички концерт во една таква позната дискотека. Се направи одлична атмосфера и дружењето со публиката таа ноќ беше на завидно ниво - изјави Тоше по враќањето во Скопје. По барање на публиката на бис се појавила и кралицата на ромската песна, Есма, која исто така оставила одличен впечаток. Проески повторно ќе гостува во Лондон, заедно со позната југословенска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, а нивниот концерт ќе се одржи на 16 февруари. Претходно, на 14-ти и 15 февруари, Тоше ќе настапи во Цирих, Швајцарија. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше ќе одржи и втор концерт во Лондон / 15.01.2003
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Хуманитарен концерт на Тоше / 15.12.2003
» Концерт на Тоше Проески / 26.11.2002
» Хуманитарен концерт на Тоше Проески / 01.12.2004
» Хуманитарен концерт на Тоше со пријателите / 02.12.2004
» Тоше ќе пее во Сараево / 23.04.2003

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: