Дневник / 21.01.2003
МУАБЕТИ
Топ-тема на чаршиските муабети е обновувањето на врската помеѓу поп ѕвездата Тоше Проески и неговата поранешна девојка Благица Мицова од Неготино, со која се забавуваше три години. Неа гледачите ја запознаа како хостеса во емисијата "Томболино" што се емитува на телевизија Сител. Тие деновиве биле видени во некои од скопските локали и тоа е нивно прво заедничко појавување во јавноста по седум месеци. - Со сите поранешни девојки, по завршувањето на нашата врска јас останувам пријател - кратко ги коментира Тоше озборувањата. Тој наскоро заминува во странство поради неговите професионални ангажмани, и како што вели, неговите постојани патувања не му дозволуваат да има класична љубовна врска. (Р.Д.)