Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Зегин и Тоше ги израдуваа децата од Домот "11 Октомври" / 23.01.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Зегин и Тоше ги израдуваа децата од Домот "11 Октомври" / 23.01.2003 Empty
PostSubject: Зегин и Тоше ги израдуваа децата од Домот "11 Октомври" / 23.01.2003   Зегин и Тоше ги израдуваа децата од Домот "11 Октомври" / 23.01.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 12:48 pm

Дневник / 23.01.2003
СО БОГАТА ДОНАЦИЈА

Македонската поп-ѕвезда Тоше Проески и сопственикот на веледрогеријата "Зегин", Благоја Механџиски, вчера им подарија телевизор, музички столб, ќебиња, хигиенски пакети, лекови, храна, витамини и облека на децата без родители од Домот "11 Октомври". Вредноста на заедничката помош од "Фајнал кат продакшн" и "Зегин" изнесува околу 28.000 евра. Дел од донацијата ќе биде поделен во специјалното училиште "Маца Овчарова" и во Домот за деца со посебни потреби во Велес, како и за децата од специјалниот завод во "Демир Капија", каде што покрај тие производи ќе се подарат и четири ортопедски кревети, инвалидски колички и други помагала. Менаџерката на Проески, Љиљана Петровиќ, изрази задоволство што сите 20 донатори што се пријавиле кога Тоше го одржа хуманитарниот концерт во Скопје, во декември лани, ги реализирале своите донации. - Секој човек има емотивна и хумана жичка. Драго ми е што на концертот овие деца беа мои гости и што беа среќни - рече Тоше. Механџиски и Петровиќ добија благодарници од Домот. На вчерашната средба во "11 Октомври" присуствуваа и пејачките Есма Реџепова и Ребека. (В.Т.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Зегин и Тоше ги израдуваа децата од Домот "11 Октомври" / 23.01.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: