Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе го снима новиот албум во Европа / 28.01.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе го снима новиот албум во Европа / 28.01.2003 Empty
PostSubject: Тоше ќе го снима новиот албум во Европа / 28.01.2003   Тоше ќе го снима новиот албум во Европа / 28.01.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 12:50 pm

Дневник / 28.01.2003
ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ НА ПОП-ЅВЕЗДАТА

Поп-ѕвездата Тоше Проески на први февруари ќе настапи во Цирих, Швајцарија, а на 14-ти и 15-ти ќе се претстави и пред својата публика во Берн. Еден ден подоцна ќе гостува на концертот на познатата југословенска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во Лондон, каде што ќе се сретне со тамошните композитори, кои ќе бидат вклучени во снимањето на неговиот нов албум на англиски јазик. Тоа на вчерашната прес-конференција го најави неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, која додаде дека Тоше ќе патува и во Мадрид, каде што со композиторот Пампкин Долс ќе го финализира договорот за снимање дует со некоја од шпанските ѕвезди. - Во идниот месец Тоше ќе го промовира албумот "Ако ме погледнеш во очи" во Сараево и во Белград. Во почетокот на март ќе ја снима насловната нумера во филмот "Ловец на души", во кој главната улога ја толкува познатиот актер Жан Клод Ван Дам, а кон крајот на месецот ќе одржи по четири концерти во Австралија и во САД. За април се планира турнеја со 25 концерти во Србија и во Црна Гора - рече Петровиќ и категорично ги демантираше озборувањата дека му е љубовница на Тоше. На албумот на Тоше наменет за англискиот пазар ќе се најдат композиции од познати странски автори, а меѓу нив и од Григор Копров. На овој проект ќе се забележи и песната што Тоше ќе ја отпее во дует со нашиот оперски пејач Борис Трајанов. Ребека ќе гостува на речиси сите концерти на Тоше. Со заштитен знак на "Фајнл кат продакшн" ќе се појави и нејзиниот нов албум наменет за македонскиот и за југословенскиот пазар. Таа ќе сними и макси-сингл со песна на англиски јазик. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ќе го снима новиот албум во Европа / 28.01.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: