Дневник / 11.02.2003
ВИКТОР И ВИКТОРИЈА 2003"
На познатата новосадска музичка манифестација "Виктор и Викторија 2003", на која се прогласуваат најдобрите и најпопуларните во музиката, на македонската поп-ѕвезда Тоше Проески ќе му биде доделена награда за најслушан пејач од Македонија. Тоше ќе настапи во "Вечерта на забавна музика", која ќе се одржи на 4 март во "Српското народно позориште". (С.А.Н.)