Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше заштитно лице на дебитната картичка "Маестро" / 24.03.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше заштитно лице на дебитната картичка "Маестро" / 24.03.2003 Empty
PostSubject: Тоше заштитно лице на дебитната картичка "Маестро" / 24.03.2003   Тоше заштитно лице на дебитната картичка "Маестро" / 24.03.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 1:03 pm

Дневник / 24.03.2003
ДОГОВОР

Тоше Проески ќе биде заштитно лице на промотивната кампања за новата дебитна картичка "Маестро", која во нашава земја ја издава Интернационална приватна банка. Договорот меѓу музичката ѕвезда и банката беше склучен во минатата недела, а со него е предвидено и снимање видеоспот за една од песните на албумот на Тоше, "Ако ме погледнеш во очи". Интернационална приватна банка му издаде на Тоше картичи "Маестро" и "Златна мастеркард". Картичката "Маестро" е водечка меѓународна дебитна картичка на "Мастеркард", со која може да се плаќа во 3 милиони продажни места во земјата и во светот и да се подига готовина на 800 илјади банкомати, до износот на депонираните средства. Картичката "Маестро" се добива едноставно - без жиранти, меници и потврди и без обврска за држење задолжителен депозит.

Тоше потпиша договор со Интернационална приватна банка
Вест / 24.03.2003
Нашиот најпопуларен пејач Тоше Проески и неговата продуцентска куќа "Фајнал кат" склучија договор со Интернационалната приватна банка за промовирање на Маестро картичката.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше заштитно лице на дебитната картичка "Маестро" / 24.03.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: