Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески - најдобар поп-пејач во Република Српска / 10.04.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески - најдобар поп-пејач во Република Српска / 10.04.2003 Empty
PostSubject: Тоше Проески - најдобар поп-пејач во Република Српска / 10.04.2003   Тоше Проески - најдобар поп-пејач во Република Српска / 10.04.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 1:06 pm

Дневник / 10.04.2003
НОВИ УСПЕСИ НА МАКЕДОНСКАТА ЅВЕЗДА

Македонската ѕвезда по овој успех ќе се обиде да ги освои и Бугарите - наскоро таму ќе биде издаден неговиот последен албум, а ќе одржи и концерт во Софија На манифестацијата "Оскар на популарноста", која се одржа во спортската сала "Борик", во Бања Лука, завчера на Тоше Проески му беше доделена наградата за поп-пејач на годината во Српска Република. - Тоше требаше да се претстави со една композиција, но по барање на публиката отпеа три. Неговото појавување на сцената предизвика бурни аплаузи и овации, а девојките пееја покажувајќи ги неговите фотографии исечени од весници - ни изјави Далибор Босанчиќ, уредник и водител во "Независна телевизија Бања Лука". На оваа манифестација се доделуваа 24 "оскари" за најдобрите од естрадата во Српска Краина. Организатори на "Оскар на популарноста" беа "Квин естрада" и "Мјузик стар продакшн". Но Тоше очигледно нема намера да запре тука и ќе си ја проба среќата и во Бугарија. Македонската амбасада во Бугарија ќе биде покровител на концерт на Тоше Проески во Софија и ќе се погрижи за издавање на неговиот последен проект "Ако ме погледнеш во очи" во оваа земја. - Со цел да ги промовираме нашата култура и младите пејачки ѕвезди, решивме на Тоше Проески да му организираме концерт во Софија. Се поврзавме со "Бугарска музичка компанија", која ќе ни помогне во издавањето на неговиот најнов албум, како и во организацијата на концертот. Наша намера е пред да се одржи концертот, Проески да гостува во шоуто на Слави Трифонов, кое го следат три милиони луѓе, за да предизвика поголемо внимание и популарност- ни изјави Лилјана Митревска од македонската амбасада во Бугарија. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше Проески - најдобар поп-пејач во Република Српска / 10.04.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: