Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше во Софија со песна ќе ја урива јазичната бариер / 12.04.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше во Софија со песна ќе ја урива јазичната бариер / 12.04.2003 Empty
PostSubject: Тоше во Софија со песна ќе ја урива јазичната бариер / 12.04.2003   Тоше во Софија со песна ќе ја урива јазичната бариер / 12.04.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 1:08 pm

Дневник / 12.04.2003
СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Мегаѕвездата Тоше Проески в среда, на 15 април, во хотелот "Хилтон" во Софија ќе го промовира својот последен албум "Ако ме погледнеш в очи". На промоцијата ќе присуствува амбасадорот на Република Македонија во Софија, Љубиша Георгиевски, кој посредуваше меѓу "Фајнал кат продакшн", чиј ексклузивец е Тоше, и Бугарската музичка компанија, која е издавач на албумот во таа земја. На промоцијата се поканети претставници од дипломатскиот кор во Бугарија и голем број новинари. Со оглед на тоа што песните на Тоше ќе се слушаат на македонски јазик, тоа само по себе претставува значаен културен чекор. Веднаш по промоцијата Тоше ќе сними песна во дует со една позната бугарска пејачка, чие име се чува во тајност. Македонската амбасада ќе биде покровител на големиот концерт на Проески што ќе се одржи на еден од градските стадиони во Софија. Концертот најверојатно ќе биде во мај. (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше во Софија со песна ќе ја урива јазичната бариер / 12.04.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: