Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше е најспособниот македонски дипломат / 17.04.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше е најспособниот македонски дипломат / 17.04.2003 Empty
PostSubject: Тоше е најспособниот македонски дипломат / 17.04.2003   Тоше е најспособниот македонски дипломат / 17.04.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 3:46 pm

Дневник / 17.04.2003
ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ НА ПРОЕСКИ ВО СОФИЈА

Ова е најамбициозниот проект на амбасадата и очекуваме големи ефекти во разбивањето одредени предрасуди, кои владеат во бугарското општество во однос на нашата народност, јазик итн., изјави амбасадорот Љубиша Георгиевски Македонската верзија на најновото цеде на Тоше Проески "Ако ме погледнеш во очи" во Бугарија ќе се појави откако ќе се реши која бугарска пејачка ќе отпее дует со него за песната "Чија си", со која тој неодамна победи на "Беовизија". Таа композиција ќе се најде како бонус на албумот наменет за бугарскиот пазар. Тоа го истакна претставникот на "Музикалната бугарска компанија", една од најпознатите музички продуцентски куќи во Бугарија, кој најави дека Тоше ќе одржи турнеја во Бугарија најверојатно за околу два месеца. Вчерашната промоцијата на последниот албум на Тоше, "Ако ме погледнеш во очи", во Софија предизвика огромен интерес кај бугарската јавност и кај медиумите. Според "Музикалната бугарска компанија", намерите за лансирање на Тоше во нивната земја се крајно сериозни. На промоцијата во хотелот "Хилтон" присуствуваа и македонскиот амбасадор во Софија, Љубиша Георгиевски, како и претставници од дипломатскиот кор. - Ова е многу значаен чекор за Македонија и за македонската култура. Имаме доволно причини да сметаме дека Тоше Проески е многу афирмиран на Балканот, многу е талентиран и е еден од најспособните македонски дипломати, затоа што ја претставува Македонија пред огромен аудиториум. Се планира неговиот промотивен концерт во Софија да се одржи на стадион. Ние класичните дипломати, сепак, не можеме да имаме таков капацитет. Од друга страна, ова е еден нормален потег во културната програма на македонската амбасада во Македонија, зашто сега, по промовирањето на нашата култура, и дојде редот на современата музика. Ова е најамбициозниот проект на амбасадата и очекуваме големи ефекти во разбивањето одредени предрасуди што владеат во бугарското општество во однос на нашата народност, јазик итн. - изјави амбасадорот Георгиевски. Менаџерката на "Фајнл кат продакшн", Љиљана Петровиќ, откако ја претстави својата продуцентска куќа и ги запозна новинарите со кариерата на Тоше, најави дека нејзиниот ексклузивец веќе идниот месец ќе одржи прес-конференција и во Турција за пласманот на истиот албум и на турскиот пазар. Тоше и во оваа пригода, не ја пропушти шансата да запее во живо. Тој ги отпеа "Немаш ни благодарам", "Yesterday" од "Битлси", како и старата македонска "Зајди, зајди јасно сонце". - Јас сум тука да пеам и да ја претставувам македонската музика во Бугарија. Ништо повеќе од тоа. Политиката им ја оставам на политичарите. Зошто да има предрасуди? Ние имаме одлична музика, одлични изведувачи, а во Бугарија се прават прекрасни видеоклипови. Ќе се обидеме да направиме спој на сето тоа и да го побараме нашето место во светот - изјави Тоше. На промоцијата беше пуштен специјално подготвениот филм од концертните и фестивалските настапи на Тоше. Новинарките од Бугарија беа заинтересирани каква музика слуша Тоше, а тој им откри дека во еден период од својот живот растел со хеви-металот и ја обожавал групата "Вајт снејк". Тоше даде многу интервјуа за бугарските медиуми. Соња Алексоска Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше е најспособниот македонски дипломат / 17.04.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: