Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше донираше матурска облека за штитениците од Домот "11 Октомври" / 08.05.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше донираше матурска облека за штитениците од Домот "11 Октомври" / 08.05.2003 Empty
PostSubject: Тоше донираше матурска облека за штитениците од Домот "11 Октомври" / 08.05.2003   Тоше донираше матурска облека за штитениците од Домот "11 Октомври" / 08.05.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 3:51 pm

Дневник / 08.05.2003
ДОНАЦИЈА

Денеска Проески и неговиот тим ќе ја донесат и другата облека наменета за штитениците Мегаѕвездата Тоше Проески, неговата менаџерка Љиљана Петровиќ и бутикот "Евроазија" донираа свечени панталони, блузи, јакни, маици и долна облека за матурантите и полуматурантите од Домот за деца без родители "11 Октомври" од Скопје. - Ова е прва донација за матуранти од традиционалната активност на Сојузот на организацијата на жените на Македонија, која се грижи за облекувањето на децата и матурантите од Домот и од основното училиште "Димитар Влахов". Годинава имаме девет матуранти и девет полуматуранти и навистина сме благодарни што и овој пат не не заборавија. Донесоа и пет комплети за децата од градинката, кои вчера на прославата на Денот на полицијата изгледаа прекрасно облечени во новата облека на која многу и се израдуваа - рече Галаба Златкова директорката на Домот. На новата облека особено и се израдувале матурантките, кои се обожавателки на Тоше Проески. - Убаво е чувството кога некој мисли на вас и ви подарува. Особено сум среќна што оваа облека е од Тоше, кого го обожувам. Едвај чекав да станам матурантка и се надевам дека убаво ќе си поминам на прославата во хотелот "Александар палас" - вели штитеничката Анче Стојкова. Исто размислуваат и штитеничките Ана Костадиновска, која по матурирањето има желба да се вработи, и Благица Петрова, која својата иднина ја гледа во пеењето. - Оваа облека е најубавото нешто што досега сме го добиле за подарок. Тоше секогаш мисли на нас и нема никогаш да го заборавам концертот што го одржа лани во декември кога пееше само за нас. Тој е мој колега, бидејќи од неодамна и јас почнав да пеам. Снимив три песни и реализирав еден спот. Следуваат настапите на "Канео-фест" и на фестивалот во Бугарија "Ние сме едно семејство" - вели Петрова. Денеска во Домот, Проески и неговиот тим ќе ја донесат и останатата облека наменета за тамошните штитеници. - Моите родители за Велигден секогаш ни купуваа облека мене и на сестра ми. Ние бевме бескрајно среќни и со нетрпение го чекавме идниот Велигден. Сакав да направам штитениците од домовите да бидат среќни како јас во тие денови и затоа решивме да им подариме облека. Во неделата мојата менаџерка однесе облека за штитениците во "Мајчин дом" во Битола, а потоа и во Скопје. Сакам да подарувам и тоа го правам од срце. Среќен сум кога околу мене гледам весели луѓе со среќни и насмеани лица - вели Проески. Соња А. Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше донираше матурска облека за штитениците од Домот "11 Октомври" / 08.05.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: