Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Промовиран нов спот на Тоше Проески / 20.05.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Промовиран нов спот на Тоше Проески / 20.05.2003 Empty
PostSubject: Промовиран нов спот на Тоше Проески / 20.05.2003   Промовиран нов спот на Тоше Проески / 20.05.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 3:54 pm

Дневник / 20.05.2003
ВО ХОТЕЛОТ "ХОЛИДЕЈ ИН

" Мегаѕвездата Тоше Проески вчера во хотелот "Холидеј ин", го промовираше спотот за насловната песна "Ако ме погледнеш во очи" од својот последен албум, кој го финансираше "Интернационална приватна банка". За возврат, според договорот, Тоше ќе ја промовира нивната "маестро-картичка". Истата банка на Тоше му одобри кредит за купување стан во Скопје, со што од септември мегаѕвездата ќе може да се всели во свој сопствен стан. Спотот го изработи "Фх-продукција", а како сценарист, режисер и продуцент се јавува Оливер Ромески. На прес-конференцијата беа соопштени и другите детали од неговата кариера во наредниов период. Денеска во спортската сала "Скендерија" во Сараево тој ќе одржи солистички концерт, а на 29 јуни ќе се претстави и пред публиката во Подгорица. На 4 јуни Тоше заминува на турнеја по Австралија, а на 1 август го очекува настапот во неговото родно Крушево, по повод стогодишнината од илинденското востание. Наскоро тој ќе го снима видеоизданието за нумерата "Чија си", со која победи на фестивалот "Беовизија". (С.А.Н)

Малку љубов, малку боречки вештини во новиот спот на Тоше
Вест / 21.05.2003
Конечно и насловната нумера од новиот албум на Тоше Проески "Ако ме погледнеш во очи" доби видеозапис, а беше промовиран завчера во хотелот "Холидеј ин".
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Промовиран нов спот на Тоше Проески / 20.05.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: