Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе им дели бесплатни „маестро" картички на матурантите / 22.05.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе им дели бесплатни „маестро" картички на матурантите / 22.05.2003 Empty
PostSubject: Тоше ќе им дели бесплатни „маестро" картички на матурантите / 22.05.2003   Тоше ќе им дели бесплатни „маестро" картички на матурантите / 22.05.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 3:57 pm

Утрински / 22.05.2003

В сабота во Интернационална приватна банка во Скопје Интернационална приватна банка (ИПБ) ќе им подари бесплатни ?маестро"-картички на матурантите кои в сабота, на 24 мај, ќе дојдат во просториите на банката во центарот на Скопје. За таа цел, потребно е да се понесат лична карта или пасош и една фотографија, соопшти банката. На врачувањето на картичките е најавено и присуството на естрадната ѕвезда Тоше Проески. ?Маестро" важи во сите земји на Балканот - Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Хрватска, Словенија, како и во стотина други земји, така што, како што нагласуваат во ИПБ, картичката особено ќе им користи на матурантите кои сакаат да се запишат на некој од странските факултети. Картичката ?маестро" е бренд на компанијата ?Мастеркард" и со неа може да се подига кеш на 800 илјади банкомати на сите континенти и да се плаќа во 7 милиони продавници. Во светот има над 505 милиони корисници на ваквата платежна картичка. За заинтересираните граѓани, банката одобрува попуст од 50 отсто за добивање на оваа картичка, кој ќе важи од 24 мај до 10 јуни, а поводот е одбележувањето на седум години постоење на ИПБ. Со тоа, ?маестро"-картичката ќе може да се добие за 300 денари. Редовната цена е 600 денари за првата година, а за секоја наредна година 300 денари. За средношколците и студентите банката и досега одобруваше 50 отсто попуст. Заради очекуваното зголемено интересирање, шалтерите на банката од 24 мај ќе работат по продолжено работно време, во работните денови од 8 до 20 часот, а во сабота од 9 до 16 часот.

Бесплатни „Маестро“ картички за матурантите
А1 / 22.05.2003
Најпопуларниот македонски пејач Тоше Проески и Интернационална Приватна Банка ќе им подарат бесплатни „Маестро“ картички на матурантите кои на 24 мај ќе дојдат во просториите на Банката во центарот на Скопје и со себе ќе носат лична карта или пасош и една фотографија. Со тоа, Банката и Тоше сакаат да им посакаат на матурантите среќа на матурскиот испит - испитот на зрелоста, и срдечно добредојде во светот на возрасните, а по повод претстојните матурски испити и Денот на Македонските Просветители Свети Кирил и Методиј. „Маестро“ картичката особено ќе им користи на оние матуранти кои сакаат да се запишат на некој од странските факултети. Имено, „Маестро“ картичката важи во сите земји на Балканот - Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Хрватска, Словенија, како и во стотина други земји. На матурантите што ќе ја имаат „Маестро“ картичката со себе додека патуваат, студираат или одмараат во странство, нивните блиски секогаш можат да им уплатат средства на шалтерите на Банката, а средствата да се користат преку банкомат или во продавници, 24 часа на ден. За сите заинтересирани граѓани, Банката одобрува 50% попуст за „Маестро“ картичката, од 24-ти Мај до 10-ти Јуни, а во рамки на одбележувањето на седум години постоење на Интернационална Приватна Банка. Со тоа, „Маестро“ картичката ќе може да се добие за 300 денари. Редовната цена е 600 денари за првата година, а за секоја наредна година 300 денари.

Тоше и Интернационалната банка ќе им подарат картички "маестро" на матурантите
Дневник / 22.05.2003
ВО САБОТА Маестро Тоше Проески и Интернационалната приватна банка ќе им подарат бесплатни картички "маестро" на матурантите што на 24 мај, сабота, ќе дојдат во просториите на Банката во центарот на Скопје и со себе ќе носат лична карта или пасош и една фотографија. Со тоа, Банката и Тоше сакаат да им пожелат на матурантите среќа на матурскиот испит - испитот на зрелоста, и срдечно добредојде во светот на возрасните. Картичката "маестро" особено ќе им користи на матурантите што сакаат да се запишат на некој од странските факултети. Картичката важи во сите земји на Балканот: Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Хрватска, Словенија, како и во стотина други земји. За матурантите е особено важно дека ако ја имаат таа картичка со себе додека патуваат, студираат или одмораат во странство, нивните блиски секогаш ќе можат да им уплатат пари на шалтерите на Банката. Парите ќе може да се користат преку банкомат или во продавници, 24 часа на ден. Картичката "маестро" е од компанијата "Мастеркард", со која може да се подига кеш на 800.000 банкомати на сите континенти и да се плаќа во седум милиони продавници. За сите граѓани, Банката одобрува 50 отсто попуст за картичката "маестро" од 24 мај до 10 јуни. Така картичката ќе може да се добие за 300 денари. Редовната цена е 600 денари за првата година, а за секоја наредна година 300 денари.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ќе им дели бесплатни „маестро" картички на матурантите / 22.05.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: