Тоше подели над 300 бесплатни „Маестро картички“
А1 / 24.05.2003
Најпопуларната македонска поп ѕвезда Тоше Проески и Интернационална приватна банка денеска во Скопје на повеќе од 300 матуранти бесплатно им подарија „Маестро картички“. Бројката не е дефинитивна, бидејќи се очекува картички да побараат и оние матуранти кои денеска не носеа фотографија или лична карта, па од Тоше добија автограм и ваучер за бесплатни картички, како и матурантите кои беа спречени да дојдат, а чии родители подигнаа од бнката ваучер за бесплатна картичка. Акцијата продолжува за време на викендов во Крушево, родниот град на Тоше. За време на престојот, автограм и ваучер за бесплатна „Маестро картичка“ ќе може да добијат матурантите од Крушево, како и матурантите од цела Македонија кои викендов во тој град се на матурска прослава.
Подароци од Тоше Проески за матурантите
Утрински / 26.05.2003
Матурска вечер во Домот „11 Октомври“ Свечената матурска вечер за деветте матуранти и исто толку полуматуранти од Домот за деца без родители ?11 Октомври° е закажана за 28 мај, а главен покровител на вечерта е Сојузот на организации на жени од Македонија. Свечените обувки и ситни детали од облеката за славениците се подарок од Домот. Македонската пејачка ѕвезда Тоше Проески и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, на матурантките и на полуматурантките им подарија убава долна облека, но и панталани, блузички, блузони... ?Жените од СОЖМ се потрудија, како и во минатата година, да најдат спонзори што ќе ја обезбедат матурската облека на шесте момчиња и дванаесет девојчиња. Матурантите и полуматурантите сами ја избираа свечената тоалета. Жените од СОЖМ ќе подготват слатки и солени производи, со што ќе ја збогатат свечената трпеза", вели Галаба Златкова-Гареска, директорка на Домот ?11 Октомври°. Свечената гардероба за славениците ја спонзорираа бутиците ?Бела°, ?Мак Џинс°, ?Ексклузив°, матурските фризури се подарок од фризерските студија ?Бела° и ?Леонтиќ°, а за шминката на девојките ќе се погрижи една од членките на СОЖМ. (С. К.)