Тоше ќе пее во Њујорк на собранието на УНИЦЕФ
Дневник / 31.05.2003
музика Мегаѕвездата Тоше Проески на 3 јуни заминува на турнеја во Австралија, која ќе трае до 16 јуни, а оттаму директно ќе летне за Њујорк, каде што ќе настапи на концертот што се организира во чест на годинашното собрание на амбасадорите на УНИЦЕФ. Во наредниов период Проески го очекуваат уште неколку значајни ангажмани, концертни активности на Охридско лето и на прославата во Крушево по повод 100 години од Илинденското востание. (С.А.Н.)