Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 "Ловец на души", на Оливер Ромевски, ќе се снима во ноември / 26.06.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

"Ловец на души", на Оливер Ромевски, ќе се снима во ноември / 26.06.2003 Empty
PostSubject: "Ловец на души", на Оливер Ромевски, ќе се снима во ноември / 26.06.2003   "Ловец на души", на Оливер Ромевски, ќе се снима во ноември / 26.06.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 4:08 pm

Дневник / 26.06.2003
ФИЛМ Режисер е Денис Сатин од Германија, а покрај Жан Клод ван Дам, во игра за другите главни улоги се европски филмски ѕвезди Филмскиот проект "Ловец на души", кој ќе се работи според сценарио на истоимениот роман на Оливер Дел Рио (уметничкото име на Оливер Ромевски), ќе почне да се снима во ноември на локации во Македонија. Сега се работат претпродукциските подготовки (кастинг, избор на локации) и се чека "зелено светло" за делот од буџетот за филмот што ќе го даде нашето Министерство за култура. Според Ромевски, досегашните подготовки течат одлично, а веднаш по потпишувањето на договорот со Министерството за култура во земјава ќе допатува холивудскиот актер Жан Клод ван Дам (познат по светските мегахитовите "Кик-боксер", "Оправдано отсутен", "Близнаци", "Пат за никаде" и многу други), кој ќе ја игра главната улога во филмот. Договорот со Ван Дам е потпишан преку продуцентската куќа "Кен-продакшн" од Кореја, која е копродуцент на филмот, заедно со "Ена-филм" од Германија и извршниот продуцент "Дел рио филмс" од Македонија. - Задоволен сум од досегашните подготовки за снимањето. Се тече професионално и се чека само на парите од Министерството за култура. Нема никаква пречка, туку тоа малку се пролонгираше поради состојбите со филмскиот буџет во ресорното министерство. Државниот секретар Горјан Тозија контактира со директорката на "Ена филм", Весна Јовановска, и се надевам дека наскоро ќе се префрлат парите - ни рече Ромевски. Околу 80 отсто од сцените ќе се снимаат во Македонија, колку што и процентуално ќе учествуваат македонски актери. Предвидено е да се снима и во Полска и во Германија. За главната женска и за уште една машка улога се прави избор меѓу европските филмски ѕвезди. "Ловец на души" ќе биде високобуџетен филм од 2,5 милион евра. Од ресорното министерство се побарани 1.200.000 евра. Режисер и директор на фотографија е Денис Сатин, германски автор со бугарско потекло. Тој досега реализирал 40 филма. Од нив четири се со "Ена-филм". Жанрот на филмот е акционо-авантуристички и според најавите на Ромевски тој ќе биде првиот македонски филм што ќе влезе во Холивуд. Заплетот на приказната почнува кога ќе исчезнат десет американски војници од база сместена на граничниот превој на Шара. Јунаците од приказната се од различно етничко и религиозно потекло. Според Ромевски, тоа дава "еден неслучаен, симболичен развој на настаните, а приказната алудира и на едно исконско зло, кое се провлекува во Македонија". Постпродукцијата ќе се работи со дигитална монтажа во Германија. Дел од музиката ќе ја покрие македонскиот пејач Тоше Проевски. Тој ќе има и улога во филмот. Неодамна се појави и видеоспот на Проески, во кој има пробни сцени за "Ловец на души". Ана Василевска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
"Ловец на души", на Оливер Ромевски, ќе се снима во ноември / 26.06.2003
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше си купи џип "мерцедес" / 12.11.2003
» Тоше ќе пее за Детската клиника / 03.12.2003
» Тоше ќе го снима новиот албум во Европа / 28.01.2003
» Тоше е најспособниот македонски дипломат / 17.04.2003
» Тоше ќе пее во Сараево / 23.04.2003

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: