Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе не претставува на Евросонгот во Турција! / 02.07.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе не претставува на Евросонгот во Турција! / 02.07.2003 Empty
PostSubject: Тоше ќе не претставува на Евросонгот во Турција! / 02.07.2003   Тоше ќе не претставува на Евросонгот во Турција! / 02.07.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 4:15 pm

Дневник / 02.07.2003
"ДНЕВНИК" ДОЗНАВА

Мегаѕвездата Тоше Проески ќе ја претставува Македонија на изборот на песна за Евровизија што ќе се одржи в година во Турција, дознава "Дневник". Нашите извори велат дека поради тешката финансиска состојба во која се најде нашата национална телевизиска куќа, нема да се одржи ревијалното издание на "Скопски фестивал". Затоа МРТ, која е организатор на националниот избор, најверојатно ќе го примени системот на избор што го практикуваа повеќе земји-учеснички на Евросонг - се одбира пејач и се распишува конкурс за да се одреди најдобрата песна што ќе ја претставува земјата. Во македонските музички кругови на големо се шпекулира дека изборот на Тоше е готова работа, што го поврзуваат со честите посети на неговата менаџерка Лилјана Петровиќ во МРТ. Во телевизијата неофицијално ни потврдија дека "се работи на опцијата дека ќе се избере пејач што ќе ја претставува земјава на изборот во Турција", а официјална информација најавуваат за в понеделник. (С.А.Н.)

Toше Проески ќе пее на „Евросонг 2004“
А1 / 07.07.2003
Македонската мега sвезда Тоше Проески ќе ја претставува Република Македонија на Фестивалот „Евросонг 2004“ што ќе се одржи во Турција. Договорот го потпишаа Македонската радио телевизија, „Фајнелкат“ продукција и менаџерот на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ. „Од досегашните настапи на „Евросонг“ МРТВ не може да биде најзадоволна. Овојпат, како многу земји, наместо фестивалско избирање пејач, решивме Македонија да ја претставиме на најдобар начин“, рече генералната директорка Гордана Стошиќ на денешната прес-конференција. Според неа, ваквиот начин на претставување има три предности. Се почнува навреме со подготовките, ќе има доволно време за пишување на композицијата што ќе биде избрана, а освен тоа се познати и гласовните квалитети на Тоше кој има и огромна меѓународна репутација. За изборот на песната ќе се формира уметнички тим во кој ќе членуваат експерти за музика од земјава. Изборот на песната ќе оди во неколку фази: јавен конкурс за сите композитори, селекција, а за конечниот избор ќе одлучи жири-комисија, телевоутинг и самиот изведувач. Засега се знае дека композицијата ќе биде од македонски автор, аранжер и продуцент, а најверојатно ќе се изведува на англиски јазик. Пеење на македонски јазик, според Стошиќ, е лажен патриотизам. „Не значи дека ќе си го згазиме јазикот, ако песната се пее на англиски јазик. Важно е таа да се пее, дискот да се купува и да дојде до што поголем број жители на континентот“, рече Стошиќ. За да ја претставува Македонија, Тоше Проески веќе одби неколку понуди на други земји, меѓу кои и на Кипар. Изразувајќи верување дека најдобро ќе ја престави Македонија, Тоше Проески не вети ништо, но рече дека верува во себе, дека Евровизијата му е најголем предизвик и дека тамошната сцена ќе му даде дополнителна енергија за да се претстави најдобро. Тоше Проески пред турската публика ќе има фестивалски настап веќе наредниот месец.

Тоше ќе ја претставува Македонија на "Евросонг 2004"
Дневник / 08.07.2003
МТВ И ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ Мегаѕвездата Тоше Проески ќе биде нашиот претставник на "Изборот на песна за Евровизија" што ќе се одржи во Турција идната година, соопшти раководството на МРТ на вчерашната конференција, која се одржа во "Холидеј ин". Со тоа е потврдена веста што во минатата недела ја објави "Дневник". МРТ, која е организатор на националниот избор, ќе го примени системот на изборот што го практикуваат повеќе земји учеснички на оваа европска музичка манифестација. Се избира пејач и се распишува конкурс за да се одреди најдобрата песна. Според зборовите на генералната директорка на МРТ, Гордана Стошиќ, изборот на Тоше е резултат на неговите успеси во и надвор од земјата. Тоше истакна дека ќе даде се од себе достојно да не претставува во Турција. Песните што ќе пристигнат на конкурсот ќе поминат низ три селекции. За победничката песна ќе одлучуваат гласовите на жири и телевоутинг. Како што дознаваме, претставници на кипарската телевизија што го организираат националниот избор во оваа земја побарале нивната земја на Евросонгот во Турција да ја претставува Проески. (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ќе не претставува на Евросонгот во Турција! / 02.07.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: