Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Одбележан роденденот на Мајка Тереза / 27.08.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Одбележан роденденот на Мајка Тереза / 27.08.2003 Empty
PostSubject: Одбележан роденденот на Мајка Тереза / 27.08.2003   Одбележан роденденот на Мајка Тереза / 27.08.2003 EmptySun Sep 22, 2019 7:49 pm

Дневник / 27.08.2003
СКОПЈЕ

Членови на граѓанската асоцијација "Скопјанката Мајка Тереза" вчера го одбележаа 93. роденден на Гонџа Бојаџиу и положија цвеќе пред нејзиниот споменик во Скопје. - Во исчекување на 19 октомври, кога Мајка Тереза треба да ја беатификуваат (прогласат за светица), треба со радост да го прославиме нејзиниот роденден. Таа беше наша сограѓанка и секогаш се радуваше кога беше во својот роден град - рече Стојан Тренчевски, претседател на асоцијацијата. На одбележувањето на роденденот присуствуваа претставници од Советот на Скопје, почитувачи на животот и делото на Мајка Тереза, нејзини роднини и пријатели. Годинешни добитници на посланијата и на благодарниците "Мајка Тереза" се Високиот комесаријат за бегалци при ОН и Владимир Ралев, македонски бизнисмен, хуманист и нејзин близок пријател. Благодарници за особени хумани подвизи им се доделени и на Коста Балабанов, на оперскиот пејач Борис Трајанов, на отецот Антон Церимотиќ, на докторите Жан Митрев, Ремзи Бала и Љупчо Ајдински, на пејачот Тоше Проески и на донаторот за филмот на Мајка Тереза, Брацо Вујачиќ. Од Асоцијацијата "Скопјанката Мајка Тереза" најавија дека во септември годинава, ден пред шестгодишнината од нејзината смрт, ќе отворат спомен-соба во Феудалната кула пред Домот на АРМ. (М.Д.Т.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Одбележан роденденот на Мајка Тереза / 27.08.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: