Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Шест години од упокојувањето на Мајка Тереза / 05.09.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Шест години од упокојувањето на Мајка Тереза / 05.09.2003 Empty
PostSubject: Шест години од упокојувањето на Мајка Тереза / 05.09.2003   Шест години од упокојувањето на Мајка Тереза / 05.09.2003 EmptySun Sep 22, 2019 7:57 pm

А1 / 05.09.2003

Расправите за тоа кому му припаѓа Мајка Тереза завршија. Денеска во МАНУ на свеченото врачување на признанијата за хуманост присуствуваа претставници на албанските и на македонските асоцијации кои го чествуваат нејзиното дело. „Многу луѓе не можат да даваат не затоа што не сакаат, туку затоа што немаат дарба за давање“, истакна Владимир Ралев, близок пријател на Мајка Тереза, добитник на полсание „Мајка Тереза“. Добитник на ова полсание е и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации. Благодарници „Мајка Тереза“ им беа врачени на Коста Балабан, јапонски генерален конзул во Македонија, оперскиот пејач Борис Трајанов, отец Антон Церимотиќ, председател на „Каритас“, д-р Жан Митрев за извршени 200 бесплатни операции, Тоше Проески за хуманитарните концерти, Брацо Вујачиќ за донаторство на филмот за Мајка Тереза и Љупчо Ајдински за грижа околу хендикепираните. „Да ги прифатиме доблестите на Мајка Тереза како императив за стабилност, соживот и развој“, истакна шефот на дипломатијата Илинка Митрева, која во улога на пратеник на премиерот Црвенковски ги доделуваше наградите. По шест години од упокујувањето на Мајка Тереза од денеска приземниот дел на Феудалната кула пред Домот на АРМ е спомен соба во која се изложени документи, предмети и изданија кои датираат од скопскиот живот на оваа единствена нобеловка од Скопје. „Оваа соба е нова културна понуда“, истакна министерот за култура Благој Стефановски. За одбележување на чинот на беатификацијата во Ватикан на 19. октомври со караванот од Скопје во Рим се очекува да пристигнат 500 државни и црковни претставници и заинтересирани граѓани. Засега се имаат пријавено стотина.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Шест години од упокојувањето на Мајка Тереза / 05.09.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: