Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески ќе пее пред Македонците во Канада / 26.09.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески ќе пее пред Македонците во Канада / 26.09.2003 Empty
PostSubject: Тоше Проески ќе пее пред Македонците во Канада / 26.09.2003   Тоше Проески ќе пее пред Македонците во Канада / 26.09.2003 EmptySun Sep 22, 2019 8:00 pm

Дневник / 26.09.2003
ВЕЧЕРВА ВО ТОРОНТО

Македонската поп-ѕвезда Тоше Проески вечерва во Торонто, Канада, ќе одржи голем концерт пред своите сонародници. Концертот се организира во театарот "Изабел Бадер". Настапот на нашиот евровизиски претставник за идната година е во рамките на "Деновите на македонската култура во Торонто", кои ги организира македонското Министерство за култура. За утревечер е закажано отворање на изложбата "Македонски свадбени килимчиња", а задутре Битолскиот театар ќе ја игра претставата "Парите се отепувачка".

"ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА" ВО ТОРОНТО, КАНАДА
Канал5 / 29.09.2003
Манифестација "Денови на македонската култура во Торонто", од денеска до 29 овој месец треба да се одржи во овој канадски град, во организација на Министерството за култура на Република Македонија. На отворањето, како што е соопштено во Манифестација "Денови на македонската култура во Торонто", од денеска до 29 овој месец треба да се одржи во овој канадски град, во организација на Министерството за култура на Република Македонија. На отворањето, како што е соопштено во Скопје, треба да присуствува македонска делегација, предводена од министерот за култура Благој Стефановски, кој треба да има средба и со иселениците од македонско потекло, кои живеат во Канада. Во рамките на оваа манифестација, денеска во театарот "Изабел Бадер" во Торонто, концерт треба да одржи Тоше Проески. На истата локација, утре ќе настапи Битолскиот народен театар со претставата "Парите се отепувачка", а во галеријата "Јутен" ќе биде отворена изложбата "Македонски свадбени килимчиња". Битолскиот народен театар со истата претставата ќе настапи и в недела во просториите на македонската православна црква во Торонто, каде истиот ден, концерт ќе одржи Тоше Проески. Во рамките на манифестацијата ќе биде прикажан и најновиот филм на режисерот Антонио Митреќески "Како лош сон"./
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше Проески ќе пее пред Македонците во Канада / 26.09.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: