Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Композитори го бојкотираат Тоше за Евровизија? / 01.10.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Композитори го бојкотираат Тоше за Евровизија? / 01.10.2003 Empty
PostSubject: Композитори го бојкотираат Тоше за Евровизија? / 01.10.2003   Композитори го бојкотираат Тоше за Евровизија? / 01.10.2003 EmptySun Sep 22, 2019 8:07 pm

Дневник / 01.10.2003
МАКЕДОНЦКИ РАБОТИ

Дел популарни и реномирани автори нема да испратат своја песна на конкурсот за избор на песна на Евровизија, кој го распиша Македонската радио-телевизија и кој трае до 15 октомври, зашто не им се допаѓа начинот на кој е избран нашиот претставник за оваа манифестација. Но, за разлика од нив, големите македонски хит-мејкери Григор Копров и Кире Костов велат дека со сигурност ќе учествуваат и дека нема да го остават Тоше Проески на цедило. Желба за учество има и кај Владимир Дојчиновски - Дојчин, како и кај Александар Митевски и кај Јован Јованов, а конкурсот се уште е во тек. - Ова е најдобар избор за наш претставник на Евровизија, а вистинскиот композитор знае да напише песна за секој пејач - вели Копров. И на Митевски му се допаѓа овој принцип на избор на нашиот претставник. - Ова е можност реномирани автори да пишуваат за една музичка ѕвезда, што несомнено ќе донесе квалитет и верувам дека секој индивидуално ќе го даде најдоброто од себе - вели Митевски, кој деновиве ќе реши дали ќе учествува на конкурсот. Авторите што нема да учествуваат на конкурсот главно се револтирани од начинот на кој е избран нашиот претставник, кој в година треба да не претставува на европската музичка манифестација што ќе се одржи во Турција. Некои од авторите, сепак, најавуваат дека можеби ќе направат песна, исклучиво по принципот нарачка и ако нивниот вложен труд биде хонориран. Калиопи нема да учествува на конкурсот. Познатиот композитор Дарко Димитров вели дека во принцип не праќа песна за фестивал преку конкурс. Тој учествувал на Изборот за песна на Евровизија само во 2000 година, кога Каролина Гочева ја изведе неговата тема "За нас". - Беше логично да учествувам на овој избор, зашто тогаш соработував со Каролина и сметав дека таа е вистинскиот македонски претставник за Евровизија. Работам по принципот нарачка и очекувам мојот труд да биде исплатен. Учеството на "Евросонгот" не ми е предизвик, зашто се виде дека тоа не е отскочна штица за успех надвор од Македонија, ниту за авторите, ниту за пејачите. Годинава треба прво да ги поминеме претквалификациите, а со тоа шансите да се појавиме на главната финална вечер се многу мали. Не дека не верувам во квалитетите на Тоше, кој е достоен претставник, туку сметам дека требаше да им се даде шанса и на други пејачи. Па, ако Тоше имаше најдобра песна, нека победеше. Турската претставничка Сертаб Еренер победи зашто имаше најдобра песна, а не зашто беше многу популарна во својата земја - вели Димитров. Пејачот и композитор Ристо Самарџиев нема време да подготви песна за конкурсот, поради учеството на "Макфест" и обврските во телевизијата "Сител". - Освен тоа, ретко пишувам за други, а и ќе бидам против себе. Во почетокот реков дека идејата Тоше да не претставува е одлична, но за сметка на тоа да немаме фестивал и не е најдобра комбинација. Поважно е песната да му легне на пејачот, отколку покрај неа да се најде изведувач што во моментот е медиумски најекспониран. Во секој случај, сакам да се случи одлична комбинација за Тоше, која ќе ни донесе успех - вели Самарџиев. Кристијан Габровски, кој постојано испраќа песна на конкурсите за Скопскиот фестивал, а не му ги примаат, годинава нема да конкурира поради многу обврски. - Онака, по навика, знам дека нема да ми ја примат песната. Не сум против тоа Тоше да не претставува на "Евросонгот", но не ми се допаѓа начинот на кој е избран. Ако требаше да се избира претставник, ќе беше подобро тоа да се стори преку фестивал. Ако ми нарачаат песна, ќе направам, но тоа ќе зависи од должината на рокот што ќе ми биде на располагање - вели Габровски. Композиторот Роберт Билбилов никогаш досега нема испратено песна за овој избор, а вели дека тешко ќе го стори тоа и сега.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Композитори го бојкотираат Тоше за Евровизија? / 01.10.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: