Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески ги воодушеви македонските иселеници во Канада / 01.10.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески ги воодушеви македонските иселеници во Канада / 01.10.2003 Empty
PostSubject: Тоше Проески ги воодушеви македонските иселеници во Канада / 01.10.2003   Тоше Проески ги воодушеви македонските иселеници во Канада / 01.10.2003 EmptySun Sep 22, 2019 8:08 pm

Утрински / 01.10.2003
Завршија деновите на македонската култура во Торонто ТОРОНТО - Со вториот концерт на Тоше Проески, кој се одржа во црквата "Свети Климент Охридски", официјално завршија Деновите на македонската култура во Торонто. Од 26 до 28 септември беа претставени најновите и најуспешни остварувања на театарската и на филмската уметност во Македонија, а беше отворена изложба на стари свадбени килимчиња. Најголемо одушевување кај македонските иселеници предизвикаа концертите на Тоше Проески. Салата на театарот ?Изабел Бадер"беше премногу мала за да ги прими сите кои сакаа да ја видат и слушнат најголемата македонска пејачка ѕвезда. Претставата на Битолскиот народен театар "Парите се отепувачка", како и најновиот филм на Антонио Митриќески "Како во лош сон", публиката ги следеше без здив, многумина плачеа, зашто и во двете дела се зборува за судбината на иселениците, печалбарите. Деновите на македонската култура во Торонто ги отвори министерот на култура, Благоја Стефановски. На отварањето беше присутен и министерот за култура на Онтарио, Дејвид Цубучи, и министерот за транспорт на Канада, Дејвид Колонет. (Л. Р.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше Проески ги воодушеви македонските иселеници во Канада / 01.10.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: