Дневник / 10.10.2003
СПОРЕД "ЧИКАГО ТРИБЈУН"
Поп-ѕвездата Тоше Проески викендов ќе пее во Краун Поинт, Индијана, САД, а со дел од парите од влезниците и со парите од продадените цедеа ќе помогне да се купи современ апарат за лекување кардиоваскуларни заболувања за болницата во Охрид. - Нашите иселеници собрале 30.000 долари за тој апарат, а недостигаат уште толку, па и јас сакам да помогнам во таа акција - изјавил Тоше за "Гласот на Македонија" од Чикаго. Најтиражниот весник во Чикаго, "Чикаго трибјун", му отстапил на Тоше две страници и го оценил како "македонски Рики Мартин", кој ги крши бариерите меѓу етничките групи, затоа што сите ги собира на своите концерти. (М.П.)