Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Копров ја оспорува одлуката на жирито за песната за Тоше Проески / 14.11.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Копров ја оспорува одлуката на жирито за песната за Тоше Проески / 14.11.2003 Empty
PostSubject: Копров ја оспорува одлуката на жирито за песната за Тоше Проески / 14.11.2003   Копров ја оспорува одлуката на жирито за песната за Тоше Проески / 14.11.2003 EmptySun Sep 22, 2019 8:23 pm

Утрински / 14.11.2003
ЕВРОСОНГ

Од 60 песни пристигнати на конкурсот за "Евросонг 2004", селекциона комисија во состав: Иван Мирчевски, Аритон Крлију, Радица Митиќ, Светлана Марковиќ, Илија Пејовски, Михаил Ренџов, Џон Илија-Апелгрин, Арбен Шаќири, Данаил Дарковски, Јана Андреевска и Тоше Проески, по неколку преслушувања се одлучи за девет песни. Авторите на композициите од кои ќе биде одбрана претставничката за евровизискиот фестивал што ќе се случува во Истанбул се: Симон Трпчевски, Љупчо Мирковски, Кире Костов, Александар Алачки, Александар Чекреџи, Баже Темелков, Зорица Кантраџиска, Јован Јованов и една песна од изведувачот Тоше Проески. Еден од првите што реагираше на селекцијата на песните е композиторот Григор Копров кој има забелешки на начинот на работата на комисијата. Со објавувањето на анонимниот конкурс, МРТВ презеде обврска на сите учесници да им обезбеди фер селектирање и право на тајност сў до конечниот избор. Меѓутоа, уште во стартот, во некои средства за информирање беа објавени имињата на 12-те члена на жирито. Со таа постапка е прекршен принципот на целосна тајност, со што се отвори можноста за разни професионални и вонпрофесионални сомневања околу изборот на композицијата. Според Копров, авторите на композициите се доведуваат во нерамноправна положба, а членовите на жирито се изложени на разни притисоци, со што е неминовно пристрасно и необјективно гласање. Со самото тоа што организаторот не обезбеди поцелосна проверка и контрола на работата на жирито, како и транспарентност на самиот избор со присуство на новинари и други фактори на музичката јавност, Копров ја изразува својата загриженост за избор на вистинска композиција која наредната година ќе ја претставува нашата државата на најзначајниот музички натпревар во Европа.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Копров ја оспорува одлуката на жирито за песната за Тоше Проески / 14.11.2003
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: