Дневник / 03.12.2003
Хуманитарен концерт Мегаѕвездата Тоше Проески на 15 декември, во Универзалната сала ќе одржи хуманитарен концерт "Со музика за живот". Средствата од концертот, кој ќе се одржи под покровителство на "Космофон", се наменети за обнова на Детската клиника во Скопје. Влезниците ќе чинат 1.000 денари. Дел од нив ќе се продава во Универзална сала, а другите влезници ќе им бидат поделени на познати фирми, министерства, амбасади и компании, кои ќе бидат донатори на концертот. Нивните донации ќе бидат наменети за лицата со хендикеп и за децата без родители. (С.А.Н)