Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 "Космофон" и "Мобимак" во битка за Тоше / 13.02.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

"Космофон" и "Мобимак" во битка за Тоше / 13.02.2004 Empty
PostSubject: "Космофон" и "Мобимак" во битка за Тоше / 13.02.2004   "Космофон" и "Мобимак" во битка за Тоше / 13.02.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 1:15 pm

Дневник / 13.02.2004
смс-војна

Генералниот спонзор на Тоше Проески "Космофон" и "Мобимак" една недела водат битка за претплатниците што треба да гласаат за изборот на песна за Евровизија преку СМС-пораки. МТВ како организатор на манифестацијата му го додели на "Космофон" ексклузивното право за собирање на финалните гласови добиени преку СМС-пораките. Дознаваме дека завчера претставници на "Космофон" побарале од "Мобимак" да ги вклучат во гласањето и нивните претплатници. Но, до договор не дошло, бидејќи од "Мобимак" инсистирале да имаат контрола врз броењето на гласовите од своите претплатници. Генералниот спонзор на Тоше Проески, "Космофон", и "Мобимак" една недела водат битка за претплатниците што треба да гласаат за изборот на песна за Евровизија преку СМС-пораки. МТВ, како организатор на манифестацијата, му го додели на "Космофон" ексклузивното право за собирањето на финалните гласови добиени преку СМС-пораки. Дознаваме дека завчера претставници на "Космофон" побарале од "Мобимак" да ги вклучат во гласањето и своите претплатници. Но, до договор не дошло, бидејќи од "Мобимак" инсистирале да имаат контрола врз броењето на гласовите од своите претплатници. Луѓето од "Космофон" сепак се надеваат дека "Мобимак" ќе ја прифати нивната понуда, бидејќи станува збор за национална манифестација. - "Космофон" прифати да биде генерален рекламен агент за националниот избор за песна на Евровизија, бидејќи има намера да ги поддржува популарните национални настани. Бидејќи победничката композиција ќе се избира од гласовите добиени од жирито, од самиот изведувач и преку СМС-пораки, МРТВ ни го додели ексклузивното право за собирање на финалните гласови преку СМС. Затоа ние му предложивме на "Мобимак" да ги вклучиме и нивните претплатници, кои ќе гласат на заеднички телефонски броеви. Но, тие одбија. Ние се уште очекуваме "Мобимак" да ја прифати нашата понуда, најдоцна до утре - вели Теофилос Вамвакос, директор за односи со јавност на "Космофон". Како што дознаваме, претставниците на "Космофон" им понудиле на "Мобимак" да се договорат и за тоа колку пари треба да чини една порака и како да се подели добивката. Се очекува "Мобимак" уште денеска да се огласи со одговор на понудата и да се постигне договор во интерес на претплатниците. Телевоутингот, односно гласањето преку телефон, непречено ќе функционира. На овој начин ќе може да гласаат сите граѓани и гледачи, независно дали користат фиксен телефон или се на една од мрежите на мобилните оператори. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
"Космофон" и "Мобимак" во битка за Тоше / 13.02.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Менаџерката на Тоше побарала шестцифрена бројка од „Мобимак"/ 14.02.2004
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
» Тоше вечер ќе се натпреварува на Евросонг 2004 / 12.05.2004
» Тоше ќе пее на Градски стадион / 23.05.2004 10.06.2004
» Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: