Дневник / 11.09.2001
В САБОТА (15.9) Македонските музички ѕвезди Ареа, Тоше Проески, Каролина, Игор Џамбазов и Харе бенд, Нокаут и Брејк, ќе пеат на големиот мировен концерт што го организира Авалон-продукција во Тетово, в сабота попладне. Рок-настанот наречен "Рокенрол-час" се организира во соработка со Македонскиот медиумски фронт (ММФ), неформална организација на македонските новинари. Учествуваат редакциите на А1, Сител, Скај Нет, Канал 77, Радио Буба Мара, Дневник, Нова Македонија, Вечер, Вест, ЗУМ и Фокус. Тие ќе организираат автобуски превоз од Скопје до Тетово и назад за сите што сакаат да присуствуваат на овој голем настан. Организаторите добија уверување дека Министерството за внатрешни работи ќе го одобри собирот и ќе стори се за негово обезбедување. (Б.Г.)