Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Љиљана Петровиќ должна на „Окта“, „Тојота“ и „Дајнерс“ / 14.01.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Љиљана Петровиќ должна на „Окта“, „Тојота“ и „Дајнерс“ / 14.01.2005 Empty
PostSubject: Љиљана Петровиќ должна на „Окта“, „Тојота“ и „Дајнерс“ / 14.01.2005   Љиљана Петровиќ должна на „Окта“, „Тојота“ и „Дајнерс“ / 14.01.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 5:57 pm

Време / 14.01.2005
МЕНАЏЕРКАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ПРАВИ СКАНДАЛИ
Ѓорге Стојанов <>

По обвинувањата во централниот ТВ-дневник на „Сител“ дека менаџерката на Тоше Проески, Љиљана Петровиќ, им должи големи суми пари на „Окта“, „Тојота“, на „Дајнерс“ и приватно на познатата пејачка Јелена Крлеуша, Петровиќ експресно се појавила во телевизијата „Сител“ и почнала да се заканува со погрдни зборови.

- Без дозвола на портирот, Љиљана влезе во просториите на „Сител“ во придружба на Тоше и една девојка. Вестите се уште не беа завршени, а таа почна да вреска и сакаше да влезе во студиото каде што се наоѓав и физички да се пресмета со мене. И реков дека со неа ќе разговарам кога ќе ми дојде со документи. Како доказ дека не измислувам ги имаме видеоснимките од безбедносните камери - ни изјави Драган Павловиќ-Латас, уредник на вестите на „Сител“. Љиљана Петровиќ ни потврди дека била во „Сител“, но нејзината приказна е обратна. Латас почнал да и се заканува дека прилогот е само почеток на војната против неа. Тој наводно ја обвинувал дека таа непотребно се мешала во политиката.

- Не сум правела никакви скандали. Следниот ден во „Сител“ се појавив со документи со кои сакав да ги демантирам обвинувањата, но ми рекоа дека Латас е дома, а другите уредници не ни сакаа да ги погледнат документите. Дури и Ѕинго, кој случајно се најде таму, беше незаинтересиран. Веќе не планирам нигде да се правдам и да ја докажувам мојата невиност. Латас не е судија и не планирам јас да му го градам имиџот. А дали јас сум непожелна во Србија и Црна Гора ќе покаже големиот концерт во Белград со Тоше и пријателите во јуни, кој јас ќе го организирам - ни изјави Петровиќ.
- Точно е дека и префрлив за Тоше, кого го проституира во политички цели. Ако не е така, зошто тогаш не дојде сама во „Сител“? Секогаш секаде го влече Тоше со себе. Љиљана е обична лажга и жал ми е за Проески, кој е сепак национална институција - дополнително ни изјави Латас.

„Време“ дознава дека вчера попладне во кафе-барот „Мартини“ во Карпош 3, Петровиќ им ја раскажувала приказната за скандалот во „Сител“ на извесни лица и барала од нив заштита доколку телевизијата се огласи со нови информации врзани за неа. Во меѓувреме, стапивме во контакт со Кирил Смичковски, правниот застапник на „Дајнерс-клуб“.

- Љиљана дури потпиша спогодба дека во најкраток можен рок ќе го намири долгот од околу 12.000 евра. Но останавме само на спогодба, п о што поднесов кривична пријава до скопското јавно обвинителство - ни изјави Смичковски. Петровиќ призна дека се уште ги нема намирено трошоците кон „Дајнерс“ и дека не го почитувала договорениот рок.

- Не е спорно дека задоцнив со враќањето на парите, но „Фајнл кат“ има и други трошоци. Се уште ги немаме покриено сите трошоци за „Евровизија“ и затоа во последниве месеци јас и Тоше многу повеќе работевме на концерти за да го вратиме долгот. Парите ќе им бидат исплатени - ни изјави Петровиќ.

Таа го посочи директорот на „Дајнерс-клуб“, Божидар Јанковски - Бобо, како човекот што и ги одобрил парите, и покрај тоа што нејзиното салдо било во минус. Го побаравме и него за коментар, но тој само накратко ни кажа дека станува збор за деловни тајни, за кои не сака да зборува. Од „Мобимак“ накратко ни изјавија дека Љиљана Петровиќ го намирила заостанатиот долг кон нив, уште во март 2004 година.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Љиљана Петровиќ должна на „Окта“, „Тојота“ и „Дајнерс“ / 14.01.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» НА РЕВИЈАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ДУБРОВНИК / 31.01.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005
» И се извинив на Руслана / 10.02.2005
» Сакам да сум Проја / 06.12.2005
» ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА / 22.01.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: