Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Руслана: „Музиката мора да биде независна од политиката“ / 08.02.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Руслана: „Музиката мора да биде независна од политиката“ / 08.02.2005 Empty
PostSubject: Руслана: „Музиката мора да биде независна од политиката“ / 08.02.2005   Руслана: „Музиката мора да биде независна од политиката“ / 08.02.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 7:54 pm

А1 / 08.02.2005
Многу бев против тоа да земам учество во предизборните агитации и јас не сум за тоа музиката да се користи во политика. Музиката мора да биде независна од политиката. Јас така и се чувствувам, изјави во интервјуто за А1 Руслана. Ја поздравувам Македонија, една од најпрекрасните земји која што влијае на мене со својата убавина. Јас сум многу задоволна за тоа што го видов Тоше Проески. Јас со задоволство ги очекувам учесниците на новата евровизија од Македонија. Во четврток во 20 часот во Александар Палас, 13 за најуспешните, специјален гостин Руслана со своето шоу. Вие направивте хаос на скопските улици. Свесни ли сте за тоа? Јас сум многу задоволна што Македонија мене многу ме сака и јас многу ја сакам Македонија. Таа мене ми е многу блиска земја, ние отсекогаш сме биле многу блиски и историски и културно. Нашите традиции се слични, јас секогаш со задоволство ќе допатувам во Македонија. Руслана дали сте пеачка или политичарка? Јас сум само пеачка. Слобода, праведност, енергија, љубов кон луѓето. Сепак нашите гледачи ве гледаат во моментов со портокалово шалче. Вие сте симбол на портокаловата револуција – онаа на Јушченко? Ние се гордееме со оваа боја, тоа е она што ја разбуди нашата нација. Јас би сакала сите конфликти да се решаваат само по мирен пат. Кога би можела би ги помирила сите во светот. Украина успеа да го реши својот конфликт на мирен начин. Јас се молам секогаш тоа да биде така во целиот свет. После евровизиската победа му бевте советничка на Јанукович, директниот ривал на Јушченко? Едноставно моето име беше искористено во политички цели. Јас само еднаш влегов во кабинетот каде што ме назначија за советник и повеќе не го видов ниту премиерот, ниту му давав некој совет. Многу бев против тоа да земам учество во предизборните агитации и јас не сум за тоа музиката да се користи во политика. Музиката мора да биде независна од политиката. Јас така и се чувствувам. Слободна и дива. Тоше беше прилично разочаран затоа што не победи. Рече дека не знаете да пеете. Бевте ли вие тогаш навредени и разочарани, а пред малку рековте дека Тоше ви е ваш добар пријател? Тоше е мој многу близок пријател, јас ја чувствувам неговата музика, јас чувствувам дека тој е многу добар пеач. Јас чувствувам дека тој ќе направи уште многу нешта. Сметам дека тој е човек кој мора обавезно да допатува во Украина, да направи голем концерт и да ја запознае Украина и Европа со фантастичната македонска култура. А бевте ли навредени и разочарани кога рече дека не знаете да пеете? Токму сега на прес конференција тој изјави дека се работело за некое недоразбирање. Затоа што ние сме навистина пријатели и еден за друг кажуваме само убави работи. И тој беше многу разочаран што произлезе таква информација.

Не ја сакам политиката, туку демократијата
Дневник / 10.02.2005
РУСЛАНА ВО СКОПЈЕ Руслана истакна дека победата на ланскиот евровизиски избор # донела многу работа, поголема перспектива, патувања, успех, но и проблеми Ја сакам вашата земја затоа што е центар на словенската култура и ја поврзуваат многу заеднички нешта со Украина. Македонскиот народ ја сака слободата исто како и украинскиот. Но вашата земја ја сакам и поради фактот што мојот драг пријател Тоше е од Македонија и драго ми е што повторно се сретнав со него. За мене сите учесници на Евросонгот во Истанбул беа победници, а еден од нив е и Тоше. Би сакала сите да снимиме заедничка песна, а средствата да бидат наменети за болните деца во светот, истакна украинската поп-ѕвезда Руслана на прес- конференцијата. Руслана вечер ќе настапи на манифестацијата "13-ка за најуспешните", што ќе се одржи во "Александар палас", а потоа украинската амбасада ќе организира прием во нејзина чест во скопскиот ресторан "Ден и ноќ". Нејзин гостин на прес-конференцијата беше Тоше Проески, кој отпеа дел од старата македонска песна "Зајди, зајди". За да ни ја потврди блискоста на културите на Македонија и Украина, Руслана запеа дел од една стара заткарпатска песна, која се наоѓа на нејзиниот најнов проект "Диви танци". На новинарските прашања одговараше на својот мајчин јазик, вметнувајќи по некој англиски збор. Таа откри дека победата на Евросонгот и донела многу работа, поголема перспектива, патувања, успех, но и проблеми. Пренесе дел од импресиите од својот настап на World Music Awards 2004, што се одржа во Лас Вегас, Америка, каде што и припадна наградата за најпродаван украински изведувач во светот и каде што се сретнала со многу светски музички ѕвезди. Не ја испушти можноста и во оваа пригода да зборува за својата земја и сите да не повика во Украина. Нејзиното вклучување во немирите во својата земја, во "портокаловата револуција", го појасни како борба за право и слобода, а не како нејзина политичка активност, иако на шалчето што го носеше беше напишано името на сегашниот претседател Виктор Јушченко. - За сето она што го постигнав во кариерата се борев сама со моите десет прсти. Никој ништо не ми дал. Се уште немам свој стан. Пред некое време на мојата врата заѕвони еден продуцент, кој ми понуди да се грижи за мојата кариера и да ме направи светска ѕвезда. Но јас ја одбив понудата, зашто сакам да сум независна и слободна во своите одлуки - откри таа. Внимание предизвика и тетоважата на нејзиното десно рамо, за која рече дека е стар етнички знак што ја симболизира енергијата на луѓето од Карпатите. Тој орнамент се наоѓа и на нејзиниот албум "Диви танци", кој постигна златен и платинест тираж во повеќе европски земји.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Руслана: „Музиката мора да биде независна од политиката“ / 08.02.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» И се извинив на Руслана / 10.02.2005
» Мега-ѕвездата Тоше Проески вечерва ќе биде келнер / 17.10.2005
» Руслана сензација, Тоше најнаграден / 12.02.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005
» ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА / 22.01.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: