Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Познати номинациите за "12 величествени" / 09.02.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Познати номинациите за "12 величествени"  / 09.02.2002 Empty
PostSubject: Познати номинациите за "12 величествени" / 09.02.2002   Познати номинациите за "12 величествени"  / 09.02.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 10:05 am

Дневник / 09.02.2002

Деветнаесет новинари од печатените и електронските медиуми вчера во просториите на МРТВ направија избор од најдобрите во музиката, кои ги номинираа во дванаесет категории. Во категоријата "Откритие" влегоа: Сашо, "Багаж", "Њу фајв", "Грејс Нова" и Марија Каева. За титулата "Најдобар солистички концерт" ќе се натпреваруваат: Тоше Проески, Калиопи, "Драган Даутовски-квартет", "Синтезис" и Влатко Стефановски. Во категоријата "Продуцент" номинирани се: Роберт Саздов, Дарко Димитров, Валентино Скендеровски, Кирил Џајковски и Оливер Димитров, а за аранжери: Роберт Саздов, Дарко Димитров, Валентино Скендеровски, Кирил Џајковски и Роберт Билбилов. Во категоријата "Текстописец на годината" номинирани се: Игор Џамбазов, Огнен Неделковски, Калиопи, Александар Митевски и Весна Малинова, а во категоријата "Композитор" се: Григор Копров, Калиопи, Дарко Тасев, Роберт Билбилов и Кирил Џајковски. Петте дами што ќе се борат за титулата "Пејачка на годината" се: Калиопи, Каролина Гочева, Кристина Арнаудова, Андријана Јаневска и Биба Додева, а петте пејачи се: Тоше Проески, Марјан Стојановски, Ристо Самарџиев, Дарио и Дарко Гелев - Брејк. За група на годината се номинирани: "Ареа", "Суперхикс", "Нон-стоп", "Синтезис" и "Стринг форсис". За титулата "Албум на годината" претендираат: "Зошто сонот има крај?" (Каролина), "Ако денот ми е ноќ" (Калиопи), "Прашина" (Кирил Џајковски), "Чекај бе, викам... каде бе, малку" (Суперхикс) и "Секс & религија" (Кирил Џајковски). Песните "Дали ме сакаш" и "Месечина" (двете на Калиопи), "Кажи ми" ( Каролина), "Прашина" (Кристина Арнаудова) и "Раде" - (Суперхикс) се номинирани во категоријата "Хит на годината". За последната, дванаесетта категорија, резервирана за најдобар спот, номинација добија: "Ако денот ми е ноќ" (Прва партизанска продукција), "Раде" (Томато-продукција), "Телефонскиот број не постои" ( Прва партизанска продукција), "Ме фатије" (МТВ) и "Primitive Sciece" (Милчо Манчевски). Наградата за трајни вредности годинава ќе и припадне на Верица Ристеска. Резултатите од гласањето ќе бидат соопштени на 28 февруари, денот на одржувањето на манифестацијата "12 величествени". (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Познати номинациите за "12 величествени" / 09.02.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: