Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Државници, уметници и бизнисмени добија статуетки и медали / 24.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Државници, уметници и бизнисмени добија статуетки и медали / 24.12.2005 Empty
PostSubject: Државници, уметници и бизнисмени добија статуетки и медали / 24.12.2005   Државници, уметници и бизнисмени добија статуетки и медали / 24.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:18 pm

Дневник / 24.12.2005
МАНИФЕСТАЦИЈА "ВО СВЕТОТ НА УСПЕХОТ 2005"

Љупчо Јордановски, претседател на Собранието, неколку градоначалници, уметници, меѓу кои и Тоше Проески и Симон Трпчески, кардиохирургот Жан Митрев, спортисти и поголема група бизнисмени добија статуетки и медали за успех на манифестацијата "Во светот на успехот 2005", која завчера се одржа во Универзалната сала. Пред стотици гледачи, иако многу места во салата останаа празни, водителката на настанот, актерката Силвија Стојановска, која е и директорка на Драмскиот театар, ги најавуваше наградените со цел грст епитети, па дури во одредени моменти се слушнаа и зборовите "божица" и "ненадминливи". Пораду повеќе прогласување и редење имиња и фирми, а помалку музика и забава во текот на двоиполчасасовната манифестација гледачите се заморија и полека ја напуштаа салата. Настанот, кој се одржува прв пат, го организираше "Детла прес", маркетинг и агенција за организирање манифестации. Тие избраа едноставна сценографија - клавир поставен на бината. Во уметничкиот дел посветен на класичната музика настапија балетани, оперски пејачи и певици, меѓу кои и мегаѕвездата Тоше Проески, а рок-момент внесе само гитаристот Влатко Стефановски. Како најголем шоумен на манифестацијата се покажа Љупчо Јордановски, кој доби статуетка "Во светот на успехот" поради поставувањето пристапни рампи во Собранието наменети за хендикепирани лица. Наградата му ја врачи хендикепирано лице. - Многу е тешко кога во еден ден треба да одржиш два-три говори, губиш инспирација и не знаеш што да кажеш - се пошегува Јордановски. Тој истакна дека пренаменувањето на парите за поправка на фасадата на Собранието за изградба на дел од пристапни рампи е еден од најдобрите потези. На кардиохирургот Жан Митрев наградата му ја врачи неговиот прв пациент, по што тие си и направија краток муабет "очи в очи". Медали за успех во дејноста од градоначалниците добија - Андреј Петров, градоначалник на Општина Карпош, Имер Селмани (Општина Сарај), Невзат Бејта (Гостивар) и Марјан Ристески (Прилеп). Бејта и Селмани на публиката и се обратија и со по некој збор на албански јазик. Медали и статуетки добија и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, секретаријатот за Европски прашања на чело со вицепремиерката Радмила Шекеринска. Медали зедоа и Никола Глигоров, директор на дирекцијата за култура и уметноста за организацијата на Скопско лето, Томи Салковски за организација на филмскиот фестивал "Браќа Манаки" и дирекцијата на Охридско лето за организацијата на фестивалот. Со статуетка "Во светот на успехот" беше награден и Срѓан Керим, директор на Медиа принт Македонија. Признанија за својата работа добија и многу уметници, меѓу кои и Весна Гиновска-Илкова, Тоше Проески, Денис Димоски, македонскиот претставник на Детската евровизија, Симон Трпчески и други. Остатокот од 50-ината признанија им припадна на бизнисмени и на директори, луѓе што не и се напознати на јавноста.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Државници, уметници и бизнисмени добија статуетки и медали / 24.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: